Top
Расцвета гигантскиот цвет во Вашингтон

Расцвета гигантскиот цвет во Вашингтон

Гигантскиот цвет кој шири мирис на гнило месо, а потекнува од индонезиските прашуми, расцвета во ботаничката градина во Вашингтон. Овој цвет привлече голем број љубопитни луѓе во американската престолнина кои со денови на жешкото време го чекаа овој момент. Латиците на цветот остануваат отворени еден до два дена, по што повторно се собираат.

Ботаничката градина од Вашингтон целиот процес на цутење го снимаше и пренесуваше директно на својата веб-страна. Цветот е висок 240 сантиметри, а мириса на загниено месо за да ги привлече опрашувачите, па поради тоа меѓу народот е познат како „смрдлив цвет“. Времето на неговото цутење не може однапред да се предвиди, можно е да се случува секоја година, но може и еднаш во десет години. Овој вид на цвет прв пат е откриен во 1878 година, а последен пат во оваа ботаничка градина процветал во 2007 година.


Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>