Top
2015-iLike-mk

Хороскоп: Прочитајте што ќе ви донесе 2015 година

Неполн месец нè дели од новата календарска година. Астролозите веќе подготвија по некоја реченица за секој хороскопски знак.

Прочитајте што можете да очекувате од новата 2015 година.

ОВЕН
Ќе треба да се вооружите со трпение во првата половина од годината. Не брзајте и не превземајте ризични дејства. Можни се конфликти со партнерите и соработниците. Загрозени се и интимните врски. Во април бидете внимателни зад воланот, како и за други непријатности или инциденти. Од август до крајот на годината периодот е многу мирен и успешен. Јупитер во Лав ќе внесе страст во љубовните односи, а некои од вас ќе се радуваат на појавата на деца во семејството.

БИК
Трпението и упорноста се вашите силни страни. Работете напорно и ќе се истакнете успешно во првата половина на 2015 година. Овој период е многу позитивен за вас на секое поле. Ве очекуваат нови познанства, пријатни изненадувања од роднини и пријатели, а некои од вас и нов дом. Од август натаму, сепак, мора да сте многу умерени во своите постапки и во исхраната. Јупитер во Лав ќе биде во негативен аспект кон Сонцето, може да треба да решавате проблеми и спорови во судница. Почитувајте ги сите закони и не се прејадувајте.

БЛИЗНАЦИ
Некои од вас ги чека зголемување на надоместоците или нови можности за дополнителни приходи во првата половина од годината. Ослободете го целиот свој потенцијал, за да ја подобрите финансиската состојба во втората половина на 2015 година. Во јули ве очекуваат семејни бенефиции и поводи за славење, возбудливи патувања во земјата и странство. Успеси во обука и публикации, многу комуникации, награди, а и можности за купување автомобил.

РАК
Вие сте меѓу најголемите среќници во зодијакот до јули месец. Многу од вас ќе создадат свое семејство, ќе се појават деца или внуци во семејството, ќе се радуваат на успешни настапи и унапредувањата во работата. Во јануари, април и јули грижете се повеќе за безбедноста, за своето здравје и за најблиските. Избегнувајте конфликти и не ризикувајте. Втората половина на 2015 година исто така е многу позитивна за вас. Ве очекуваат многу бенефиции, љубов и среќни моменти.

ЛАВ
Околу вас животот ќе врие во првата половина на годината – пишување, решавање на документи, патувања, комуникации во земјата и странство, договарање, купо-продажба. Успеси, зголемена активност и повеќе бенефиции можете да очекувате во април, август и октомври. Во февруари и август бидете внимателни зад воланот. Избегнувајте ризик. Од август ќе уживате во среќа и раст, настапи и профит – Јупитер во Лав ќе ви носи повеќе можности и успеси. Мора да внимавате на тежината во јули!

ДЕВИЦА
Вам Јупитер во Рак во првата половина на годината ви носи среќа и нови можности, поддршка од страна на роднини и пријатели. Не е исклучено некои од вас да преминат во совршено нова насока во животот и да доживеат важни промени. Првата половина на годината не е погодна за финансиски инвестиции, апа тошете разумно. Во втората половина на годината ве очекуваат повеќе семејни обврски. Пронајдете време и за себе. Спортот, излети во планина, медитација и сите креативни активности ќе ви се одразуваат позитивно.

ТЕРЕЗИЈА
Марс во Терезија во текот на првата половина на годината поминува низ вашиот знак. Тој активира моќна енергија за акција во која било насока. Ја зголемува и сексуалноста. Бидете внимателни во јануари, април и во јули, ако имате до себе постојан партнер. Можни се грижи околу партнерот, проблеми во семејните и бизнис партнерства, како и директна конфронтација со противници. Не ризикувајте во ништо. По јули периодот е многу порелаксиран. Ќе добивате поддршка од ѕвездите и од блиски луѓе.

СКОРПИЈА
Сатурн во Скорпија ви носи ограничувања, ве лишува од некои работи, ви одземаат многу енергија. Но Јупитер во Рак ќе ве поддржува во првата половина на годината и ќе ви обезбедува можности – контакти со странци, успешен почеток или завршување на обуката, внуци и патувања. Во месец јули избегнувајте конфликти на работното место со колеги и претпоставени. Некои од вас ги очекуваат промени во работата – скратување на платата или унапредување. Работете одговорно, мора да внимавате на здравјето и односите во семејството во август. Ќе имате енергија и сили, за да се справите со важни обврски во август.

СТРЕЛЕЦ
Годината не е најлесна за вас. Во првата половина на годината може близок човек да има потреба од грижа и внимание. Јупитер во Рак ви носи финансиска и морална поддршка. Дава можности за добивање на наследства. Подгответе се за распоредување во јули, кога планетата на среќата и растот Јупитер ќе премине во Лав и ќе оформи многу поволен аспект кон Сонцето. Ве очекуваат нови можности и настапи, патувања и контакти со странство, успеси при решавање на правните прашања. Во август може да си дозволите и да започнете некој нов потфат. Среќата ќе биде со вас.

ЈАРЕЦ
Во јануари не превземајте било каков ризик и возете внимателно. Внимавајте во односот со членовите на семејството и со деловни партнери. Во април може близок човек да има потреба од нега или лекување, да се појават проблеми во домот или на работното место. Јули ќе биде мирен месец. Ќе добивате поддршка од Јупитер. Некои од вас може да се здобијат со наследство, а други – да повлечат кредит од банка. Работете напорно во првиот дел од оваа година, за да ги берете плодовите на својот труд во втората половина на 2015.

ВОДОЛИЈА
Кај некои Водолии ќе почнат кардинални промени, најмногу во кариерата. Довршете ги започнатите службени обврски и иновации во канцеларијата, како и дома до крајот на месец јули. Првата половина на годината ќе биде поуспешна, со многу нови можности, патувања и плодна комуникација. Во втората половина на годината обрќајте повеќе внимание на постојаниот партнер. Некои од вас ќе се задомат, а кај други не се исклучени и промени во семејството, појава на второ дете и повеќе одговорности како дома, така и на работното место. Не ризикувајте во август.

РИБИ
Вие, заедно со претставниците на знакот Рак, сте галениците на судбината во 2015-та. Овие позитивни промени и настани почнаа уште во втората половина на 2014 и продолжуваат во првата половина на 2015-та. Некои од вас се сретнале или до средината на 2015 година ќе се сретнат со љубовта на својот живот. Други ќе се радуваат или веќе 2014-та ги е израдувала со појава на дете. Продолжувате до крајот на јули во овој дух – со многу успеси, среќа во секое поле и љубов. Втората половина на годината исто така е многу повеќе среќна за вас отколку за други знаци. Но, ве чека здрава работа. Не бегајте од одговорност!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>