Top
pari

Парите се повалкани и од ВЦ-школка

На монетите има многу повеќе бактерии отколку на капакот на ВЦ-школка. Највалкани се парите во Велика Британија, Данска, Русија и Австрија. Иако 2/3 од луѓето знаат дека парите се валкани, секој петти човек ги мие рацете после користење на паричник или допир на пари. Ова го покажува една студија која била спроведена на 9000 луѓе во 12 европски земји. Според неа, во паричниците има преку 26000 колонии бактерии. Жените почесто ги мијат рацете за разлика од мажите после допирање на пари. И банкнотите и монетите се извор на бактерии.

Со оглед на тоа дека парите поминуваат низ рацете на луѓе со најразлични хигиенски навики, не заборавајте да ги измиете рацете пред да допрете било што друго.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *