Top
nasmevka

Нешта кои за мажите се многу привлечни

Постојат нешта кои се исклучително привлечни за мажите, и тоа неочекувано привлечни.

Насмевката е сè
Насмевката е вистински лек за сè, а помеѓу останатото и за љубовта! Американски научници докажале дека насмевката позитивно влијае на партнерот, односно на делот од неговиот мозок кој е поврзан со наградување и пофалби. Мажите повеќе ги привлекуваат жени кои се смеат на нивните шеги, за разлика од оние кои се рамнодушни или премногу сериозни.

Зборувајте тивко и нежно
Ако имате нежен или заводлив глас, тие ќе забележат бргу. Ако им зборувате тивко, ќе мора да се приближат за да ве слушнат, а тогаш доаѓа до израз вашиот парфем кој нема шанси да не го почувствуваат. Мажите се чувствителни на бојата на гласот на жената.

Вашата „машка“ страна
Жените кои веднаш се расплакуваат, не се посебно привлечни за мажите. Значи, наместо да гледате романтичен филм, погледнете некој напнат трилер или акционен филм.

Жена во црвено
Ако сакате да бидете забележани од мажите, облечете црвен фустан. Научно е докажано дека мажите покажуваат поголем сексуален интерес за жените во црвен фустан, отколку за жените во облека во друга боја.

Не ги кријте своите облини
Вашиот партнер сигурно нема да ги забележи оние три килограми вишок од кои толку многу сакате да се ослободите па во последно време барате да го изгаси светлото пред жешките моменти во спалната соба. Поголемиот дел од мажите сакаат жени со облини, а не коски.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>