Top
Uteha

Нешта кои не сакаат да ги слушнат луѓето кои тагуваат

Ако сте изгубиле некоја сакана личност, сигурно знаете колку е тешко да ги пребродите таквите моменти. Ако сте сведок на таков момент, внимавајте што зборувате бидејќи може да се најдете во безизлезна ситуација.

Губењето некого е траума
Губењето на саканата личност е траума која е тешко да се преболи, па затоа треба внимателно да ги избирате зборовите бидејќи во спротивно би ги повредиле оние кои тагуваат. Многу луѓе не знаат да тагуваат во тишина или со плачење и со сите сили се обидуваат да ја „убијат“ тагата, што може да има само негативни последици.

„Знам како ти е“
Оваа фраза често ја користат луѓето, но наместо да утеши, истата успева само да ја намали тагата. Никој во потполност не ја разбира туѓата тага, дури и ако се нашол во слична ситуација. Секој однос е различен и изедначувањето само може да ги навреди оние кои тагуваат. Губитокот не може да се споредува, затоа е подобро само да кажете „Секогаш сум тука за тебе“.

„Мислам дека е време да продолжиш со животот“
Иако имате најдобри намери кога велите некому дека треба да продолжи со животот, тоа може да биде сурово. Ако вам ви се чини дека поминало доволно време, за оние кои тагуваат раната можеби уште е свежа. Треба да го почитувате процесот на тага бидејќи тој е различен од ситуација до ситуација и мора да разберете дека им е тешко кога се наближува роденден или годишнина. Тагата за саканите не е нешто што може да го преболите, туку нешто со кое треба да се научите да живеете.

„Треба да бидеш силна“
Луѓето најпрво треба да ја искажат и почувствуваат тагата за да можат во потполност да ја преболат. Фразата „Треба да бидеш силна“ само дава до знаење дека нема право да тагува што може да резултира со потиснување на чувствата. Факт е дека порано или подоцна сѐ ќе излезе на површина. Некогаш е поедноставно само да слушате и да не делите совети кои ниту самите не сакате да ги слушнете.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>