Top
majkaikerka

Нешта кои ќерката ги учи од својата мајка

Велат дека ќерката е огледало на мајката.

Гените имаат големо влијание врз изгледот, но и врз развојот на детето. Сепак, огромна улога игра средината и сето она што детето го учи од родителите во текот на неговиот живот.

Мајките, особено во првите години од животот, се тесно поврзани со детето, па сосема е очекувано децата да учат најмногу од нив. Често слушаме дека девојчињата се копии на нивната мајка, а ситуациите во кои ја имитираат својата мајка се многу чести. Се шминкаш, се средуваш, се подготвуваш, а ќерка ти до тебе се обидува да го направи истото во огледалото. Да, мајките се секогаш најблискиот пример на детето.

Не смееме да заборавиме дека децата понекогаш несвесно ги учиме на работи кои ќе им користат до крајот на животот. Овие четири работи ќерките ги учат од своите мајки.

Како да се грижи за себе
Вие сте пример и модел на однесување за вашето дете. Ако се грижите за себе, вашето здравје и изглед, веројатно истото ќе го направи и вашата ќерка. Од шминка, гардероба, до некои поголеми работи, како грижа за вашето здравје, таа наоѓа пример во вас. Внимавајте на вашите навики во исхраната, физичката активност, одењето на лекар – размислете дали сакате вашата ќерка да биде таква.

Како да се сака себеси
Наша задача е да ги научиме децата колку се вредни и зошто е важно да се грижиме за нивното здравје на вистински начин. Девојките често се оние кои ќе го следат примерот на својата мајка. Научете ја дека здравиот начин на живот е важен. Што и да кажат другите, таа мора да научи да се сака себеси, своето тело, своите таленти. Таа не треба да се мери со другите, туку со тоа што таа сака. Таа мора да знае дека е совршена таква каква што е, а мајките се најдобри учителки.

Како да се однесуваат со другите луѓе
Децата следат се, од тоа како озборувате со пријателките, до тоа како се однесувате кога сте во друштво. Иако понекогаш не изгледа така, вашата ќерка ќе ги „купи“ вашите модели на однесување. Кога би била постојано покрај мајка си, барајќи приговори за другите, веројатно и самата би го направила истото. Затоа е важно да се обидете да му покажете на детето како да биде учтиво и љубезно со другите.

Како треба да изгледа љубовта
Ова, всушност, го учи не само од вас, туку и од вашиот партнер. Детето набљудува како тато се однесува со мама, но и како мама се однесува со тато и врз основа на тоа гради слика на љубов во главата. А и кога не очекувате, во некои обични, секојдневни работи, како подготовка на појадок, детето набљудува како изгледа вашата врска. Подоцна во животот ќе бара сличен партнер, затоа потрудете се да бидете она што би сакале вашето дете да биде.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>