Top
bigstock-Geeky-nervous-businessman-look-68119141

Нешта кои ги излудуваат хороскопските знаци

Животот е полн со компликации и честопати е тешко да се соочиме со нив. Сите луѓе различно реагираат на исти ситуации.

На оваа тема свое мислење имаат и астролозите.

ОВЕН
Овните најмногу ги нервира чекањето. Нив најголема ноќна мора им е тоа што треба да бидат трпеливи и да чекаат, во ред, на телефон или во било која друга ситуација. Во ваквите ситуации едноставно полудуваат.

БИК
Преселувањето е најстресното нешто за Бикот. Најпрво, пакување и преместување од едно место на друго стресно е за сите, но за Бикот, заљубен во својата стабилност, хаосот од преселбата изгледа како вистински хорор филм.

БЛИЗНАЦИ
Близнаците се згрозуваат од строг распоред. Тие имаат слободен дух, па не сакаат да се придржуваат до цврсти правила, а многу мразат рокови и рутина. Ваквите нешта кај нив предизвикуваат напад на паника.

РАК
Раковите ги полудува раскинување. Иако секому му е тешко при прекин на врска, Раковите едноставно не можат да се соочат со тоа. За нив губењето на партнерот е како губење на самиот себеси. А тоа секако е многу болно.

ЛАВ
Лавовите се лутат кога нешто не е по нивно. Силен и полн со самодоверба, Лавот може да издржи речиси се, освен тоа нешто да не е како што тој сака. А бидејќи е темпераментен, неговите изливи на бес може да бидат драматични.

ДЕВИЦА
Најмногу ги излудува неред. Неуредни цимери, хаотично семејство и недоволно одржување на хигиена ги излудува Девиците.

ВАГА
Вагата се ужаснува од конфликти. Други може да се расправаат, но ако Вагата е вплетката во расправијата, се чувствуваат како цел свет да е против нив. Тие се избегнуваат конфликти по секоја цена.

ШКОРПИЈА
Шкорпиите најмногу се вознемируваат поради неверство. Иако на секому му е тешко ако партнерот ги изневери, за Шкорпијата која е опседната со интимноста, неверството е најлош облик на предавство. Ако партнерот ги изневери, тие стануваат бесни и опседнати со тоа, до таа мера што може и години да им се потребни за да се опорават.

СТРЕЛЕЦ
Стрелците ги излудува статичност и постојаност. Тие сакаат авантура, нови искуства, нови идеи. Кога чувствуваат дека стагнираат во било која област во животот- работа, врска, се чувствуваат заробено и полудуваат поради тоа.

ЈАРЕЦ
Јарецот најмногу се вознемирува ако го отпуштат од работа. Кога ја цените финансиската сигурност и работата, отпуштањето може да ве потресе од корен. За среќа, Јарците имаат 6 резервни планови, но сепак ги боли.

ВОДОЛИЈА
Најмногу ги нервира неправедноста. Многумина од нас научиле дека животот не е фер, но Водолиите одбиваат да го прифатат тој факт. Било кој вид на неправда ги доведува до лудило.

РИБИ
Мразат брзање. Сакаат да се движат во свое темпо и да работат во брзина која сами ќе си ја одредат. Со брзо темпо тешко се снаоѓаат. Брзањето, особено во донесување на важни одлуки ги полудува.




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>