Top
stravovi

Кои се најголемите стравови на хороскопските знаци?

Секој хороскопски знак има различни стравови, а едни од најчестите се: болест, губење на слободата, зависност и страв дека нема да пронајдат вистинска љубов. Во продолжение прочитајте од што се плаши секој хороскопски знак.

  • Овенот се плаши од зависност од другите
    Овенот сака да биде прв во сè и да биде баран, а најмногу се плаши дека во животот ќе зависи од другите. Слабоста и болестите за него претставуваат огромни стравови, а не можат да поднесат кога другите ги игнорираат или занемаруваат. Сакаат да бидат херои во очите на своите најблиски.
  • Биковите се плашат од недостаток на љубов и пари
    За бикот љубовта и парите се сè во животот, па нивните најголеми стравови се токму тие. Се плашат од нерамноправност во љубовните односи, односно дека тие ќе бидат оние кои се позаљубени и попосветени во врската. Освен тоа, се плашат од промените кои темелно го менуваат нивниот живот, а на кои не можат да влијаат.
  • Близнаците се плашат од губење на слободата
    Близнаците, исто како и биковите, се плашат од промени, а најмногу стравуваат од менување на животниот стил. Ги плаши губењето на слободата на која се навикнати, но и прифаќањето на суровата вистина за тоа, бидејќи сакаат да живеат во сопствен свет кој го создале по своја мерка.
  • Ракот најмногу се плаши од загуба на семејството
    За нежниот и сентиментален рак, семејството е најважното нешто на светот, па најмногу се плаши од нивната загуба или оддалечување. Се плашат дека ќе бидат отфрлени од своите деца.
  • Лавот се плаши дека ќе го изневерат оние кои ги сака
    Овој хороскопски знак стравува од јавно понижување и губење на статусот во друштвото. Освен тоа, стравуваат дека ќе бидат изневерени или игнорирани од оние кои ги сакаат. Уште еден нивен страв е оној дека никогаш повеќе нема да ги видат своите најблиски.
  • Девицата се плаши од болести
    Девиците се опседнати со ред во животот, а се плашат од фактот дека не се совршени. Како и овните, и нив најмногу ги плашат болести. Стравуваат дека ќе им станат терет на луѓето кои ги сакаат, односно дека нема да можат сами да си ги задоволат своите потреби.
  • Вагата стравува од немање поддршка од семејството
    Нерамнотежата во љубовниот живот и немањето поддршка од семејството во поглед на донесените одлуки на било кое поле во животот е она од што стравува овој хороскопски знак. Конфликтите, расправиите и проблемите во врската или бракот се уште неколку области во кои стравуваат вагите.
  • Скорпиите се плашат дека некој ќе ги искористи неговите слабости
    Иако често го опишуваат како најмрачен знак во Зодијакот, и нив ги мачат одредени стравови. Исто како и лавовите, и тие се плашат дека ќе бидат издадени и изневерени од луѓето кои им се најважни во животот. Покрај тоа, стравуваат и дека пријателите би ги искористиле нивните слабости против нив.
  • Стрелците стравуваат од обврски
    Бидејќи имаат слободен дух, најмногу стравуваат од обврски во животот, но и дека би биле принудени да работат работа која не ја сакаат. Ги плаши планирањето и губењето на слободата, бидејќи на тој начин не би дошла до израз нивната иновативност. Меѓу нивните стравови се бвројува и стравот дека ќе бидат повредени од оние кои ги сакаат, најмногу поради нивната мирољубива природа и склоноста да простуваат.
  • Јарците се плашат од неуспех
    Упорните јарци имаат комплекс на мала вредност и стравуваат дека другите ќе мислат дека се неуспешни, дека нема да остават никаква трајна вредност зад себе и дека во деловниот свет нема да успеат да допрат до луѓето и да ги натераат на промени. Како и лавовите и скорпиите, и јарците се плашат од јавно понижување.
  • Водолиите стравуваат од губење на индивидуалноста
    Водолиите ги имаат истите стравови како биковите. Стравуваат од губење на слободата и индивидуалноста, бидејќи не сакаат да се изгубаат во толпата, туку да бидат единствени. Многу вложуваат во своите односи, без разлика дали станува збор за работни или љубовни.
  • Рибите стравуваат дека нема да пронајдат вистинска љубов
    Романтичните и чувствителни риби стравуваат од самотија и одбивање, но и дека никогаш нема да ја пронајдат вистинската љубов. Стравуваат дека во љубовта целосно ќе се предадат, а нема ништо да добијат за возврат. Освен тоа, се плашат дека некој од нивните најмили ќе се разболи, а тие нема да можат никако да им помогнат.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>