Top
smile

Мажите „паѓаат“ на жена родена во овој знак

На жените родени во овој знак никогаш не им е доста од љубовта. Ова го покажува податокот дека во однос на другите знаци, тие многу почесто стапуваат во брак. Станува збор за жените родени во знакот Близнаци кои се навистина фантастични. Тие се забавни, социјални, магични и провокативни. Сакаат да запознаваат нови луѓе, не се вообразени, но немаат интерес за долги љубовни врски.

Близнаците се непредвидливи и својата љубезност многу брзо можат да ја заменат со оддалеченост и арогантност. Од потенцијалните партнери бараат ментална компатибилност со цел да бидат заинтересирани, бидејќи овие дами никогаш не дозволуваат да се развие физичка интимност со некој кој не е способен да ги предизвика интелектуално. На изглед делуваат најмладолико од сите жени во Зодијакот. Интелектуално се љубопитни, многу комуникативни, духовити и брилијантни – тие се вистински модерни жени. Речиси и нема отворање на изложба, театарска премиера или значаен собир кој тие би го пропуштиле. Нивната работа е најчесто поврзана со средства за масовна комуникација. Непрестаната желба за новини кај Близнаците води кон разорен ефект врз буџетот (сопствениот или на сопругот) и често се склони кон ексцентричен изглед. Постојано ги прилагодуваат нивните сопствени потреби, а истото се обидуваат да го направат и со партнерот. Промените се многу важни за нивниот живот, како и за психичкиот личен развој. Подготвени се да ги употребат сите „женски оружја“, како и шармот и својата привлечност со цел да го добијат тоа што го сакаат. Близнаците исто така и премногу размислуваат, а тоа им дозволува на нивните партнери да се препуштат со доверба и да откријат сосема нови светови покрај нив. Со Близнаците секој нов ден е како нов живот. Кај овие жени не постои баналност бидејќи тие за сè знаат да најдат смисла. Кога сте најмрзливи, тие имаат способност да ве изненадат со карта за најбараниот концерт или за врвен спортски настан. Сè што бараат за возврат од својот партнер е одвреме-навреме и тој да ги изненади. Овие дами лесно се заљубуваат,што значи може да имаат повеќе од еден љубовник (истовремено!). Тие се многу комуникативни, малку итри и се во состојба со својот шарм да го маѓепсаат секој кој ќе почне разговор со нив.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>