Top
ljubovni

Љубовен хороскоп за 2015 годинa

ОВЕН
Овните во јануари и февруари ќе ги следат љубовни проблеми и ќе имаат пречки да го освојат срцето на саканата личност. Од март до мај ќе надоместат за сето изгубено време и ќе уживаат во љубовта. Чувството на оптимизам ќе ги следи до јуни, август и ноември. Ако сте во брак, првата половина на годината ќе ви помине во караници и нервози.

БИК
Ако сте слободни, првата половина на годината ќе ви донесе љубов со некој кој ќе го запознаете на работното место. Поволни месеци за љубов ќе ви бидат април, јуни, јули и септември, бдеијќи тогаш голем број од оние кои не се во врска ќе ја најдат нивната идеална половина. Оние кои се во врска ќе имаат можност за стапување во брак. Внимавајте во октомври и ноември бидејќи тие се кризни љубовни месеци.

БЛИЗНАЦИ
Можеби ќе ви се случи флерт на работно место кој ќе биде причина за зборување кај колегите, но ќе знаете како да ја свртите ситуацијата во ваша корист. Првата половина од годината ќе имате силно влијание на Марс, кој во вашиот живот може да ви ја донесе вистинската љубов, особено во март, мај или јуни. И втората половина на годината ќе биде успешна за вас и ќе ги зацврстите врските и браковите.

РАК
Во првата половина на годината ќе имате семејни нервози и караници, но се ќе заврши со смирување и нови почетоци. Нови љубовни врски се можни во јануари, февруари, април и јуни, а летото ќе го паметите по жешка авантура на одмор. Некои од вас ќе запознаат зрела и постара личност кој ќе ви даде мир и стабилност, особено во октомври и ноември.

ЛАВ
Во првата половина на годината е можна тајна врска со некој кој е зафатен, но набрзо ќе излезете од ваквиот однос. Нови љубовни почетоци се можни во мај, но она најубавото ве очекува во втората половина на годината кога весникот на среќата Јупитер влегува во вашиот знак. Во текот на мај, август, септември, ноември или декември можно е да започнете прекрасна врска.

ДЕВИЦА
Во јануари или февруари ќе ви се случи љубов која ќе ве остави без здив. Во мај и јуни ќе имате одлични љубовни можности. Ако сте во врска, одлично ќе се согласувате со партнерот. Во втората половина на годината постои можност да бидете со некој партнер од минатото, а голем број од припадниците на овој знак можно е да започнат врска со некој кој е во врска или брак.

ТЕРЕЗИЈА
Во прварата половина од годината значително ќе се зголеми вашето либидо, па ќе бидете страстно заљубени. Во март и јуни можно е да започнете врска со личност која многу ќе ве освои, но внимавајте на брзоплетоста. Октомври ќе биде фатален за многу од припадниците на овој знак, бидејќи е можна голема заљубеност и среќа

СКОРПИЈА
Ќе бидете многу пребирливи, ќе ве привлекуваат одговорни и зрели луѓе. Најголема шанса за нови љубовни почетоци постојат во јануари, февруари, април, јули и август. Во втората половина од годината е можен флерт на работното место со влијателна личност. Голема среќа во љубовта ќе имате септември и во октомври.

СТРЕЛЕЦ
Целата година ќе ви биде успешна во љубовта. Оние кои се во врска можно е да стапат во брак, а оние во брак одлично ќе се согласуваат со партнерот. Во март, мај и август, постои можност за започнување врска со некој кој ви е пријател, а во втората половина од годината ќе се заљубите во некој кој ќе го запознаете на социјалните мрежи, на летување или некое патување.

ЈАРЕЦ
Ако сте во врска, во текот на првата половина од годината можно е да стапите во брак. Некои Јарци многу ќе се заљубат во јануари или февруари, а можност за романса ќе имаат дури во април, мај или септември. Страста која постои за некој кој ви е привлечен, потполно ќе ви го „сврти“ умот во октомври или декември, но проверете дали таа личност е за вас.

ВОДОЛИЈА
Годината ќе биде полна со големи чувствителни пресвртници. Во првата половина од годината ќе ви се допадне професионално успешна личност, а можност за флерт и нова врска ќе се појави во текот на март, април и јуни. Во текот на летниот период ќе постојат кризи во бракот, но сѐ ќе се врати на свое место во септември и октомври.

РИБИ
Најдобри можности во љубовта ќе имате во првата половина од годината. Нова љубов е можна во јануари, февруари, април или мај, и ќе се најдете во посакуваната прегратка. Втората половина од годината постои можност за врска со личност која ќе ја запознаете во прилика поврзана со работата. Убави месеци за љубов се октомври, ноември и декември.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>