Top

Киселото поттикнува лачење плунка

Киселата храна поттикува лачење плунка, што не е случај со слатко, солено и горчливо. Зошто е тоа така? Нашиот мозок чува многу податоци – сеќавања, чувства, реакции и слично. Исто така, во него има складирано информации за вкусови – слатките и солените се пријатни, горчливите даваат негативна реакција (мозокот знае дека се отровни и штетни).



Киселото, од друга страна, има поинаква приказна. Рецепторите за кисело кои се наоѓаат на јазикот, знаат дека таа содржина е извор на надразнување, и затоа како реакција на тоа, ја искривуваме устата, ги подзатвораме очите и го збрчкуваме носот. Во тој момент устата лачи плунка, која е одговор на телото за да се намали ефектот на противност. Истото тоа може да се случи со многу солена или зачинета храна. Поголемата количина на плунка не само што ја намалува киселоста, туку и помага во варењето на храната.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *