Top
razvod

Колку луѓето се каат за разводот?

Најчесто луѓето жалат за разводот на бракот поради тоа што им недостига партнерот, сè уште го сакаат, се чувствуваат осамено или сфаќаат дека не се доволно подготвени на компромис. Дури половина од луѓето со текот на времето се каат што нивниот брак завршил со развод, а околу 20% од нив се обиделе да ја обноват врската после истиот.

Одлуката за развод на бракот за малку парови е лесна. Тоа го докажува и фактот дека дури 54% од луѓето размислуваат дали постапиле правилно, а 42% од нив во некои моменти помислиле дека треба да го обноват тој однос. Ова го покажуваат резултатите од истражување спроведено на британската страница LovePunch, на повеќе од 2000 разведени лица. Според ова истражување, 20% од паровите навистина се обидуваат да ја обноват љубовната врска после разводот со партнерот. Голем дел од оние кои сметале дека разводот е добра одлука, се покајале во првите 6 месеци.

Најчесто луѓето се каат за разводот поради следниве причини:
– Им недостига бившиот партнер
– Разводот го доживуваат како голем неуспех
– Сè уште го сакаат бившиот партнер
– Сфаќаат дека правеле грешки додека биле во брак
– Се чувствуваат осамено
– Велат дека разводот не им донел позитивни промени
– Бившиот пронашол нова љубов
– Сфаќаат дека не им е подобро кога се сами
– Жалат поради влијанието на разводот врз децата
– Новите луѓе кои ги запознаваат ги споредуваат и оценуваат спрема стариот партнер




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>