Top
sreka

Кој е клучот за среќа на секој хороскопски знак?

Квалитетот на животот може во голема мера да се подобри со практикување на одредени совети соодветни за секој хороскопски знак.

ОВЕН
– Секое утро одвојте 20 минути за себе – за кафе, туширање или слушање добра музика.
– Без разлика што ќе ви кажат другите, ако навистина нешто сакате, работете на тоа, затоа што нема да се откажете додека не успеете или паднете.
– Распоредете ги своите приоритети и повеќе време посветете на луѓето кои тоа го заслужуваат. Воопшто не се трудете околу нешто што не е вредно за внимание.
– Секој ден прошетајте, возете точак или слично – потребно ви е движење, бидејќи во спротивно ќе бидете уморни.
– Не се срамете од своите „бубачки“, прифатете ги и ќе бидете помалку нервозни.

БИК
– Бидете сигурни во себе и во своите ставови, дури и кога сте разочарани. Сомнежот во себе вас ве води кон депресија.
– Не ги пропуштајте приликите да си угодите себеси, строго одредете си го времето за уживање и времето за работа.
– Вежбајте емпатија и почесто ставете ги во позиција другите, како би ги сфатиле подобро.
– Сфатете дека преголемата гордост може да биде ваш непријател, особено ако ве оддалечи од луѓето кои ги сакате.
– Бидете добар пријател, тие односи се меѓу највредните во вашиот живот.

БЛИЗНАЦИ
– Учете и читајте, тоа го чува мозокот и вашата љубопитност. Немојте да станете мрзеливи кога се во прашање овие работи.
– Држете се до своето хоби, дури и кога имате малку време, бидејќи без забава ќе паднете во депресија.
– Немојте да се венчате, а претходно да не живеете заедно барем една година.
– Барајте стабилен пријател кој ќе знае како да ве посоветува.
– Не се задоволувајте со работи кои не ве интересираат. Дополнително образувајте се и пробајте да најдете нешто што ви се допаѓа.

РАК
– Помалку озборувајте и не се движете во друштво кое не ви одговара, бидејќи така упивате негативни емоции како сунгер.
– Не ја пропуштајте приликата за дружење со семејството и пријателите – таа енергија ве храни.
– Во работата поставете приоритети и немојте да си дозволите себеси да работите по цел ден, а други да одмараат – вам ви треба рутина.
– Вежбајте доверба кон другите луѓе, дајте им шанса да станат подобри.
– Гответе и уживајте во добрата храна.

ЛАВ
– Не се извинувајте затоа што сакате внимание, љубов или убаво однесување – најдете луѓе кои знаат тоа да ви го дадат.
– Не ги прикривајте своите фрустрации, бидејќи така тие ќе излезат десет пати посилни, а вие ќе испаднете незрели. Секогаш треба да бидете директни и искрени.
– Не го заземајте последното место на работа, бидејќи нема да бидете среќни ако не сте одговорни за нешто.
– Ослободете ја својата страст и енергија – без разлика дали тоа ќе биде низ спорт, уметност, танцување, музика.
– Почесто дружете се и пробајте да водите активен друштвен живот со различни луѓе.

ДЕВИЦА
– Помагајте им на луѓето околу сѐ – со тоа важбате емпатија и подобро ќе се чувствувате.
– Прифатете се себеси такви какви што сте и немојте да се правдате пред другите, дружете се со оние кои ги делат вашите ставови во животот.
– На работното место не ги земајте работите на срце, стекнете искуство и барајте нешто ново ако сте незадоволни.
– Не се плашете поради прекинување на лошите односи, посилни сте отколку што мислите.
– Најдете домашно милениче, тие за вас се голема утеха.

ВАГА
– Уредете го својот дом, работата и автомобилот, бидејќи околината има големо влијание на вашето расположение.
– Научете да кажете „не“ и одбивајте ги луѓето кои тоа го заслужиле. Тоаа воопшто нека не ви биде непријатно.
– Не се затворајте во четири ѕида, потребни ви се луѓе како што на растенијата им треба сонце.
– Намалете ги посесивноста и љубомората, бидејќи тие ве прават огорчени.
– Занимавајте се со она што го сакате – со тоа од далеку ќе стигнете.

СКОРПИЈА
– Бидете посветени на себе и своите желби. Не се водете од другите, преголемите прилагодувања кај вас можат да разбудат бес, прекинување на односите и депресија.
– Отворете се кон другите наместо само да слушате, споделувајте ги своите мисли.
– Верувајте во својата интуиција, многу често таа е точна, без оглед на околностите во кои се наоѓате.
– Не се плашете од негативните емоции, бидејќи тие служат како издувен вентил.
– Јадете здраво и избегнувајте ги пороците – тие ви се слаба точка.

СТРЕЛЕЦ
– Зборувајте отворено, искрено и слободно – луѓето ве ценат поради тоа.
– Имајте верба во себе и секогаш пробувајте нови работи, вашите желби се менуваат во зависност од животната фаза.
– Задолжително воведете си некоја редовна физичка активност во животот, движењето ви е неопходно.
– Помалку внимание посветувајте на материјалното и немојте да се оптоварувате со работи кои воопшто не ви се потребни.
– Не се согласувајте на помалку во љубовта – подобро бидете сами, бидејќи љубовта ќе ви дојди кога најмалку ќе очекувате.

ЈАРЕЦ
– Во секоја работа и задача давајте сѐ од себе, ќе постигнете сѐ што ве прави вистински задоволни.
– Градете го својот карактер и искушувајте го – откажете се од цигарите, нездравата храна и почнете да вежбате.
– Немојте да се плашите да бидете сами и практикувајте да поминувате квалитетно време сами со себе.
– Вежбајте спонтаност без планирање, допуштете си го себеси она што срцето ви го сака.
– Помагајте им на другите без размислување, тоа ве прави подобар човек и се враќа.

ВОДОЛИЈА
– Водете повеќе сметка за своите финансии, направете план кон кој ќе се држите и обидете се да штедите – така ќе се чувствувате поодговорни.
– Не ги менувајте пријателите пречесто и ценете ги луѓето кои ве сакаат, возбудата од новите пријателства чество ви ја заматува перспективата.
– Потребна ви е поголема физичка активност – како трчање или нешто што целосно ќе ве исцрпи.
– Не бегајте од проблемите – тоа е ваша најголема маана.
– Чувајте се од пороци и луѓе кои ве поттикнуваат на нездрав живот.

РИБИ
– Бидете отворени за нови искуства, без разлика дали станува збор за патувања, врски и работни понуди.
– Слушајте ги другите и дајте им совети, поради тоа многу ќе ве ценат.
– Не се обидувајте премногу да им угодувате на другите, посебно на љубовниот партнер, со тоа можете да го изгубите чувството за сопственото „јас“.
– Вежбајте одговорност и задајте си задачи кои ќе мора да ги исполните.
– Во стресни ситуации не бегајте, туку соочувајте се со проблемите.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>