Top
seks

Кога жените и мажите се најрасположени за секс?

Истражување кое го објавува британскиот Telegraph покажува дека мажите и жените се расположени за секс во сосема различен период од деноноќието.

За потребите на ова истражувањето биле искористени одговорите од 2.300 испитаници и според резултатот, мажите и жените за секс се расположени во сосема различни периоди од деноноќието. Според резултатите од ова истражување, мажите се порасположени за секс во раните утрински часови, а жените во вечерните. Истражувањето го утврдило и периодот во кој желбата за секс е најголема. Според ова истражување, мажите се најрасположени за секс во утринските часови (поточно во периодот од 6 до 9 часот изутрина), додека пак жените сакаат да имаат секс во доцните часови (поточно во периодот од 23 часот до 2 часот изутрина).
Истражувањето воедно покажа дека луѓето се одлучуваат на врска со личности со кои имаат слично расположение за секс. Повеќе од половина од испитаниците одговориле дека посакуваат да имаат секс исто толку често колку и нивниот сегашен партнер, односно партнерката.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>