Top
idealno_vreme_za_brak

Кога е идеално време да стапите во брак?

Истражувањата покажале дека муабетот оти дури 50% од браковите завршуваат со развод е само мит и ништо повеќе. Не убедија дека ерата и трендот на разводи е само минато кое не сакаме да се повтори.

Една причина за новиот тренд наречен долговечност е дека посигурни и подолговечни се браковите кои се склучени на постари години. Одложувањето на бракот им овозможува на луѓето да сфатат што точно сакаат од партнерот и да го најдат. А од кога ќе имаат среќа да го најдат, да поминат време и време запознавајќи го и прифаќајки ги сите позитивни и негативни особини уште пред да влезат во бракот.

Оние кои се сами во доцните 20 и раните 30 имале доволно време да сфатат што точно сакаат од животот и животниот сопатник. Тие се веќе оформени луѓе и карактери кои бараат нешто слично на себе.

Сепак, една друга направена студија докажала дека чекањето да се влезе во брак е добро само до некоја граница.

Според институтот влегување во брак на 20 години носи ризик за развод во првите 5 години дури и до 32%, Помеѓу 20 и 24 е 20%, помеѓу 25 и 29 е 15%, а помеѓу 30 и 30 постои ризик за развод 14%.

За луѓето кои се постари од 35 години ризикот за развод се качува до 19%.

Според податоците од анализата изгледа дека идеално време за склучување брак е од 26 до 32 години.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>