Top
biznis-zena

Како да ја подобрите својата кариера?

Постојат само неколку чекори кои ве делат од успехот на професионален план.

Не се извинувајте постојано
кога ќе направите грешка, извинете се, но ако постојано се извинувате без причина, ја губите моќта во секоја смисла на зборот. Луѓето треба да почнат да ги слушаат жени на поинаков начин. Жените не треба лесно да се откажат од својата моќ и мора да научат соодветно да решаваат одредени ситуации. Во деловната комуникација, балансот помеѓу топлината и директноста е најважен. Можете да се смеете додека комуницирате, но останете решителни за вашите барања. Секогаш останете во добра комуникацијата, но исто така јасно покажете ги вашите желби и барања.

Бидете креатор на својата прилика
Станете жена која е секогаш ќе биде на вистинското место во вистинско време. Треба сами да си создавате свои можности и да си создадете свое место во деловниот круг. Образование, остварување контакти, посетување на разни конференции, состаноци и обуки, се многу важни за развојот на вашата кариера. На тој начин, запознаваме потенцијални соработници и добиваме простор за нови идеи.

Променете го својот став кон неуспех и неискуство
Жените неуспехот во работата честопати го доживуваат лично. Се плашат да ризикуваат и да се изборат за свое место во општеството па често остануваат во сенка. Секој нов неуспех ќе ве направи посилни, верувајте во себе, оти тој што работи тој и греши. Не плашете се да побарате нов проект каде максимално ќе се посветите и издигнете.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>