Top
vezbanje

Како да им пријдете на хороскопските знаци во теретана

Близнаците трчаат од справа до справа, Ракот се крие во задниот ред, Лавот привлекува внимание, Јарецот посветено вежба, а Стрелецот се дружи.

Овенот вежба напорно
Припадниците на овој хороскопски знак многу лесно ќе ги препознаете во теретана – облечени се во црвена боја или пак во тесна маица. Ако сакате да им пријдете, почекајте да завршат со тренинг, а потоа побарајте совет за тоа како да дојдете до форма. Со тоа ќе покажете дека ве воодушевуваат, а тоа тие го сакаат.

Бикот е одмерен
Овој хороскопски знак има одлична мускулатура и на тој начин лесно постигнуваат добри резултати во фитнес центрите. Бикот не сака да се наметнува со својата облека, појава или однесување. Тој секогаш носи свој пешкир, а наместо долги тренинзи со среден интензитет избира брзи и напорни тренинзи. Пристапете им така што ќе им понудите помош околу придржување на теговите, а нема да одбијат и повик за јадење после вежбање.

Близнаците повеќе одат отколку што вежбаат
Немирните припадници на овој знак не можат подолго време да останат на исто место. Тие на секои 2 минути менуваат вежба – од лента за трчање на тегови, потоа на вежба за нозе итн. Лесно можете да ги забележите, бидејќи постојатно зборуваат и се чини дека прават сѐ освен да вежбаат. Можете да им пријдете на тој начин што ќе покажете интерес за нив – прашајте ги со што се занимаваат или само започнете било каков разговор, а тие спонтано ќе го водат.

Ракот е во задните редови
Однадвор делуваат прилично срамежливо и затворено, а во фитнес центрите не сакаат премногу да се истакнуваат. Но, тоа е само мамка, бидејќи тие уживаат во „тивко“ вежбање и анализирање на другите луѓе. Пристапете им одважно, но не и наметливо. Најдобро е да им кажете дека сте нови, а тие ќе ве воведат во сите правила. Разговорот продолжете го подоцна на кафе.

Лавот е ѕвезда
Аеробните вежби се како создадени за овој знак. Лавот обожава да ја истакне својата физичка моќ и кондиција кои ги стекнал со макотрпни тренинзи. Најчесто има слушалки на уши и слуша мотивациски песни. Иако изгледаат незаинтересирани за околината, тие се свесни дека другите ги посматраат. Пристапете им со комплименти, но и директно додворувајте им се, бидејќи тие не сакаат премногу да кружите и ја ценат храброста.

Девиците се дисциплинирани вежбачи
Доаѓаат со комплетна опрема и задолжително носат шишенце со вода. Тешко е да ги мотивирате, но штом почнат да вежбаат продолжуваат тоа да го прават редовно. Oд вежбите најмногу ги сакаат групните вежби, без оглед дали станува збор за аеробик, зумба или јога. На Девиците можете да им пријдете со разговор за вежбањето, барајте да ви препорачаат некои активности и со почесто дружење продлабочете го познанството јасно давајќи им до знаење дека ви се допаѓаат.

Вагите се најзгодни
Тренерки и целокупна опрема по најновите трендови, најубав пешкир и совршена фризура се одлики на овој хороскопски знак. Тие фитнес центарот го гледаат како еден вид на излегување и не би сакале некој да ги види неподготвени. За време на тренингот размислуваат какви резултати ќе постигнат и се гледаат во огледало. Не им приоѓајте веднаш, туку некое време погледнувајте ги и случајно допрете се до нив – тие ги сакаат таквите игри.

Скорпиите се силат
Тешко е да ги натерате да вежбаат во затворен простор, бидејќи сакат да прават било какви активности во природа. Сепак, нивната здравствена состојба може да ги натера да вежбаат на затворено, а многу лесно ќе се поврзат со некој кој има одбивност кон вежбањето исто како и нив. На Скорпиите можете да им пријдете со таква приказна, кажете им „Што ми требаше сега ова?“. или „А наместо ова да одиме на пиво?“. Со тек на време може да им го понудите и својот кревет како место за вежбање.

Стрелецот е забавувач
Припадниците на овој знак е невозможно да не ги забележите во фитнес центрите. Тие се добри со сите, кажуваат шеги и се во одлична форма. Не обрнуваат премногу внимание на луѓето кои во теретана доаѓаат само колку да се покажат. Најдобро е да им пристапите со предизвик како на пример „Се обложувам дека можам да направам повеќе стомачни од тебе!“. Не заборавајте да се шегувате со нив.

Јарецот се крие
Овој знак може да биде многу посветен на тренингот и вежбањето, но мрази да среќава познати во фитнес салите. Обично се практично облечени, во материјали кои брзо се сушат, а на нозете ги носат најмодерните анатомски обувки. Пријдете им со конкретно прашање и потоа започнете да вежбате покрај нив. Тие се толку пристојни што ќе чувствуваат обврска да разговараат со вас.

Водолијата пробува нешто ново
Први се запишуваат на нови курсеви или испробуваат нови справи. Монотонијата е нешто што најмногу мразат во животот. Сакаат необична облека, често слушаат музика на слушалки и имаат најнови додатоци за мерење на пулсот. На Водоијата можете да ѝ пријдете со актуелни теми за фитнес, а потоа преминете на било што друго, бидејќи таа сакаа да дискутира.

Рибата е бунтовник
Го презираат фактот што се на тренинг, иако немаат проблем со вежбањето. Својот бунт го искажуваат со игнорирање на другите. Нив можете да им пристапите со наводна спортска повреда, бидејќи тие сакаат да им помагаат на другите. Побарајте од нив да ви препорачаат добар спа центар во кој можете да одите заедно.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>