Top
Вака би изгледало утрото доколку сите хороскопски знаци живеат заедно

Вака би изгледало утрото доколку сите хороскопски знаци живеат заедно

Дали би можеле да замислите ситуација во која дванаесетте хороскопски знаци живеат заедно во еден стан? Тоа значи дванаесет различни карактери на едно место. Утрото, прикажано на еден хумуристичен, но мошне реален начин, би изгледало отприлика вака:

06:00 Девицата станува и пред туширање го чисти тоалетот. По перењето на забите, четката ја става во стерилна кесичка и ја остава на посебно место, подалеку од сите останати.

06:15 Јарецот станува и го исклучува бојлерот. Помина терминот за евтина струја.

06:20 Водолијата оди на утринско трчање.

06:30 Вагата и лавот се пред огледало и се конфронтираат за хидратантната крема и гелот за коса.

06:40 Бикот појадува „Нутела“ со супена лажица.

06:45 Стрелецот станува и го вклучува бојлерот.

07:00 Ракот прави сендвичи, Девицата цеди овошје, а Близнакот е во кревет со мобилниот телефон.

07:05 Скорпијата ја крши вратата од тоалетот, Вагата излегува смртно навредена со несесерот во рака.

07:10 Овенот станува и ја вклучува стоперката.

07:11 и 45 секунди Овенот е истуширан, облечен и мавта од скалите. Ја исклучува стоперката.

07:15 Бикот со лажицата уште гребе по теглата. Нема веќе „Нутела“.

07:20 Вагата и Лавот повторно имаат расправија пред огледалото, последна пред да го напуштат домот.

07:30 Водолијата се тушира со ладна вода, Јарецот повторно го исклучил бојлерот.

07:40 Сите излегуваат.

07:50 Близнаците се враќаат, го заборавиле паричникот.

08:00 Рибите се будат и сфаќаат дека се заклучени во станот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *