Припадниците родени во знакот на овен преземаат ризик, близнаците гледаат на куса стаза, а лавовите живеат луксузно и трошат многу пари.
Во продолжение прочитајте како секој хороскопски знак се однесуваат кон финансиите.
ОВЕН
Не сакаат да собираат пари на куп, туку преферираат да вложуваат и не бегаат од ризични инвестиции кои некогаш им се исплаќаат, а некогаш не. Импулсивни се и темпераменти, не се оптеретуваат со размислување за иднината, па и нивниот однос кон парите е таков.
БИК
Како сите земјени знаци и Биковите се на глас како штедливи и претпазливи во однос на парите. Сепак, луѓето родени во овој знак не се себични и секогаш ги потрошат парите со задоволство на убава храна, пијалоци или уредување на домот, а со тоа приказната за нивната штедливост не држи вода. Генерално, сакаат да собираат пари.
БЛИЗНАЦИ
Близнаците живеат од момент до момент, што е видливо и по нивниот однос кон парите. Невнимателни се и не сакаат да штедат, па често се во долгови, од кои се извлекуваат со барање позајмици од пријателите или кредити од финансиски институции.
РАК
Овие луѓе се многу внимателни со парите и од мали нозе се штедливи и промислени. Сакаат да собираат пари и не се склони кон расипничко однесување, но не се себични, па секогаш со задоволство им позајмуваат пари на членовите на семејството или пријателите кои имаат финансиски проблеми.
ЛАВ
Лавовите сакаат луксуз и уживаат да трошат пари на уживање и задоволство. Сакаат другите да им завидуваат, па често имаат најскапа облека, парфеми и накит, а со задоволство вложуваат и во автомобили и уредување на станот. Не се себични, па не трошат само на себе, туку и на луѓето кои ги сакаат, а со задоволство одат во убави ресторани и егзотични патувања.
ДЕВИЦА
Како и во сите животни аспекти, Девиците се внимателни и по прашање на финасиите. Штедливи се и секогаш внимаваат како ги трошат парите, а не се впуштаат во поголеми трошоци без претходна детална анализа. Песимисти, кои стравуваат од неизвесноста која ја носи иднината, па затоа секогаш настојуваат да имаат пари за црни денови.
ТЕРЕЗИЈА
Терезиите вистински уживаат во купувањето, па затоа за нив може да се каже дека се најнедомаќинскиот хороскопски знак. Уживаат во убава облека, козметика, козметички третмани и на тоа никогаш не штедат. Често се во минус на сметките, но некако успеваат да спојат крај со крај, со позајмување или кредити.
СКОРПИИ
Скорпиите се вистински мајстори кога се работи за пари. Овие луѓе имаат добар осет за бизнис, а при впуштањето во поголеми инвестиции редовно се потпираат на својата интуиција која ретко ги изневерува. Храбри се и склони кон ризик, што понекогаш може да им биде многу исплатливо.
СТРЕЛЕЦ
Несебичниот Стрелец е еден од знаците кои не се занимаваат со штедење. Трошат како утре да не постои, а со задоволство одат на патувања или често се во ресторани. Сакаат да трошат и на луѓето кои ги сакаат, и токму поради тоа што не внимаваат често крајот на месецот го дочекуваат со минус на сметката. Нивни владател е среќниот Јупитер кој секогаш се грижи да не останат без пари.
ЈАРЕЦ
Претпазливи се и амбициозни, напорно работат за заработување на пари и затоа не сакаат брзоплето и импулсивно да потрошат. Од мали нозе штедат и се откажуваат од секаков луксуз бидејќи парите за нив се сигурност и моќ. Обично се смета дека се себични, но тоа не е вистина, затоа што Јарците секогаш им помагаат на блиските луѓе доколку се соочат со финансиски проблеми.
ВОДОЛИЈА
Водолиите имаат невообичаен однос кон финансиите. Постојат периоди во животот кога имаат многу, но и периоди кога се во беспарица. Со задоволство трошат на себе и друштвото, делат сè што имаат и секогаш им позајмуваат на пријателите.
РИБИ
Рибите можат да бидат вистински мајстори во стекнување пари, но не и да ги задржат. Живеат во некој свој свет каде парите не играат главна улога, па често трошат над своите можности. Не ретко се случува до грло да се во минус и кредити, па секој месец се трудат да спојат крај со крај.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!