Top
nervozna

Хороскопски знаци кои се како „темпирана бомба“

Сите луѓе имаат различен карактер, а некои се буквално како „темпирана бомба“, веднаш избувнуваат и нервозни се.

Овен
Лицата родени во овој хороскопски знак се вистинска темпирана бомба на две нозе. Eдноставно експлодираат и воопшто не се грижат како нивното однесување ќе се одрази на околината. Многу викаат, врескаат, па тешко на оној на кој се намерени, било тој да е причина за нивната лутина или обична колатерална штета. Она што е најважно е таа личност да остане ладна, па така Овенот најбрзо ќе се врати во нормала. Подоцна им е жал што така се однесувале, па се извинуваат, но тоа не значи дека нема повторно да дигнат сѐ во воздух.

Бик
Ако ви се налути Бикот, тој прво на суптилен начин ќе се обиде да ви даде до знаење за тоа. Потоа ќе се оддалечи и олади, а ако забележи дека не реагирате ќе се претвори во вулкан и сета своја лава ќе ја истури врз вас. Тоа е бес кој носи сѐ пред себе, затоа би било добро да се спасите додека можете.

Близнаци
Кога ќе се налутат, најдобро би било да ги затворите ушите или пуштете музика најгласно, бидејќи од нивната уста може да излезат зборови кои воопшто нема да ви се допаднат. Тие викаат, врескаат, а знаат и прилично да навредуваат. Поради својата дволична природа, тие можат својата лутина да ја изразат и на друг начин, ќе бидат ладни, но поради една нивна реченица ќе зажалите што сте се родиле. Никогаш не им кажувајте како би требало да живеат инаку ќе бидете нивна секојдневна жртва за малтретирање.

Лав
Сосема очекувано за кралот на животните, кога Лавот ќе одлепи, тој рика буквално како да е во шума. Тоа не е обичен бес, туку вистинска бура. Колку повеќе е гласен и вика, толку поубаво се чувствува. За него е карактеристично многу да навредува, бидејќи во тој момент се грижи само за тоа како тој се чувствува, а не како неговите зборови ќе влијаат на другата личност. Нема проблем да ѝ прости на другата страна ако го навреди, толку гордоста не му дозволува да се извини, иако му е јасно дека погрешил.

Скорпија
Неа ѝ треба многу за да се налути, но кога ќе се најде во таа фаза, тргнете ѝ се од патот, бидејќи таа ја гори и кожата и мозокот со својот отровен јазик. Станува саркастична и брутална кон личноста која ја разбеснила. Воопшто не е тип кој простува и заборава, туку психички ќе го малтретира оној на кој е лута. Нема да застане сѐ додека не направи емоционален хаос и вистински човечки остатоци од таа личност.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>