Top
lonely+sad+woman

Емотивните луѓе живеат подолго

Емотивните и совесни луѓе живеат подолго, а како причина се наведува фактот што тие посветуваат поголемо внимание на своето здравје. Карактерот на самата личност во голема мера влијае врз здравјето, речиси исто колку и историјата на болести во семејството, пушењето или режим на исхрана.

На “Duke University Medical Center” во Северна Каролина било спроведено истражување во кое учествувале 1037 луѓе. Здравјето на сите учесници било следено на 2 години, а во предвид се земал типот на личноста и семејната историја на болести. Резултатите покажале дека луѓето кои по природа се совесни и водат грижа за себе, помалку се склони кон добивање здравствени проблеми. Совесните луѓе воглавно се чувствителни, емотивни и повеќе внимание обрнуваат на своето здравје поради што живеат подолго.

Од друга страна мрзеливите луѓе, кои не се совесни, почесто имаат проблем со вишок килограми, покачено ниво на холестерол, хипертензија. Причината за тоа лежи во фактот што тие се помалку физички активни и помалку водат грижа за себе и своето здравје. Несовесноста влијае и врз консумирање алкохол, пушењето цигари, што секако му штети на здравјето.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>