По повод светскиот ден на борба против сидата фондацијата на Alicia Keys, Keep a Child Alive прави кампања наречена “Digital Life Sacrifice” за подигање на свеста и собирање средства за да помогнат во спасувањето животи на деца заболени од сида во Индија, Кенија, Руанда, Уганда и Јужна Африка. Lady Gaga, Justin Timberlake, Kim Kardashian и Usher се само дел од ѕвездите кои ѝ се придружија на Alicia, и го жртвуваат својот дигитален живот за да спасат илјадници други. Тие нема да ги користат социјалните мрежи како twitter и facebook се додека не соберат 1 милион долари. За да ги воскреснат, фановите можат да ја посетат buylife.org и да донираат пари.
Дел од кампањата се и по малку морбидните рекламни постери на кои ѕвездите лежат во ковчези.
Дел од кампањата се и по малку морбидните рекламни постери на кои ѕвездите лежат во ковчези.








Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!