Top
Ljubov_na_prv_pogled_iLike_mk

Дали и кој верува во љубов на прв поглед?

Најновото истражување покажало дека мажите кои лесно се заљубуваат и кои веруваат во љубов на прв поглед, почесто ги изневеруваат своите партнерки.

Во анкетата, која е спроведена на 5.000 испитаници на слободни мажи и жени, покажала дека 42% од мажите, кои верувале во љубов на прв поглед, ја изневериле својата поубава половина.

И замислете, генерациите кои денес имаат над 50 години повеќе ги изневерувала своите партнери кога биле помлади, во однос на личностите кои денес имаат помалку од 30 години.

Исто така, 20% од испитаниците кажале дека не верувале во своите партнерки во претходните врски, а 9 од 10 анкетирани изјавиле дека очекуваат верност од своите идни партнери.

Судејќи по резултатите, 75% од жените и 80% од мажите се изјасниле дека им требаат најмалку 5 состаноци со момчето или девојката, за да се одлучат дали ќе се впуштат во сериозна врска или не.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>