Top
Bliznacite-se-sakaat-usheto-vo-utrobata-iLike-mk

Близнаците се сакаат уште во утробата на мајката

Научници од Универзитетот во Падова, Италија откриле дека близнаците и сите бебиња воопшто се стремат кон некаков тип на комуникација уште додека се наоѓаат во мајчината утроба. Според поранешните истражувања бебињата се раѓаат со социјални способности и подготвени се да имитираат гестови, и тоа само неколку часа по доаѓањето на свет.

Во ова истражување била користена модерна техника за следење на плодот, односно современ ултразвук, со помош на кој се добивале тродимензионални снимки на пет пара близнаци во 14-тата и 18-тата недела од бременоста. Неродените деца уште во 14-тата недела комуницирале на различни начини, вклучувајќи ги и допирите. Во 18-тата недела таа комуникација била толку интензивна што близнаците го допирале почесто своето братче/сестричка. Со вакви гестикулации тие поминувале до 30% од времето. Снимените видеа биле со времетраење од 20 минути, со што постоела можност да се смени длабочината на визуелното поле, зачестеноста на кадрите и аголот на снимање. Со помош на кинематичка анализа била анализирана можноста за случајни допири, со која се испоставило дека близнаците многу внимателно го допирале братчето/сестричката, исто како кај аналогна акција со сопственото лице.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>