НАСА, американската агенција за истражување на вселената, објави досега најспектакуларни фотографии од површината на Марс кои се снимени со специјална камера поставена на роверот Opportunity кој е наменето за истражување на површината на Црвената планета.
Фотографиите се објавени по повод двојниот јубилеј – 15 години работа на Марс од страна на НАСА и 3.000 стандардни марсовски дена кои Opportunity ги помина на оваа планета.

Панорамската снимка е составена од 817 фотографии направени во периодот од 21.12.2011 година до 08.05.2012 година.


Opportunity и неговиот близнак Spirit се спуштија на Марс во 2004 година, а според првичните планови, нивната мисија требаше да трае 90 дена.
Наредниот месец на Црвената планета треба да се спушти возилото Curiosity кое носи најсофистицирана опрема за земање примероци од карпите и тлото, како и процесирање на податоците од истражувањето.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!