Top

Добро утро (9-ти март)

9-ти март е 68-иот ден во годината според григоријанскиот календар (69-и во престапна година). Остануваат 297 денови до крајот на годината.

Настани:
1916 – Прва Светска војна: Германија ѝ објавила војна на Португалија.
1956 – Кипарскиот архиепископ Макариос е депортиран од Кипар на Сејшелските Острови, во Индискиот Океан. Макариос во 1960 година стана прв претседател на независната Кипарска Република.
1966 – Франција соопшти дека има намера да ги повлече своите трупи од НАТО и дека ќе побара воените инсталации на овој Пакт да се отстранат од нејзината територија.
1987 – Техеран го обвини Багдад дека користи хемиско оружје во иранско – ирачката војна.
1995 – Владата на Република Естонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи со Република Македонија на амбасадорско ниво.
1999 – Претседателот на Иран, Мохамед Хатами, допатува во посета на Италија. Тоа е прва посета на Запад од страна на шеф на иранска држава по исламската револуција во 1979 година во оваа земја.

Родени:
1459 – Америго Веспучи, италијански морепловец.
1776 – Адам Смит го објавува неговото капитално дело Богатството на народите.
1814 – Тарас Шевченко, украински писател.
1934 – Јуриј Гагарин, советски космонаут.

Починале:
1661 – Жил Мазарен, истакнат француски политичар од италијанско потекло.
1851 – Ханс Кристијан Ерстед, дански физичар.
1994 – Хенри Чарлс Буковски, поет и писател од САД.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *