Top

Добро утро (8-ми март)

8-ми март е 67-иот ден во годината според григоријанскиот календар (68-и во престапна година). Остануваат 298 денови до крајот на годината.

Настани:
1658 – Склучен Роскилдскиот мировен договор со кој Шведска добива неколку покраини од Данска и Норвешка.
1910 – На II Mеѓународна конференција на жените социјалистки, организирана на иницијатива на Клара Цеткин во Копенхаген е одлучено датумот 8 март да се слави секоја година како „Меѓународен ден на жената“.
1945 – Во Скопје првпат е прославен Денот на жената. По тој повод во салата на Офицерскиот дом се одржа голем митинг.
1946 – Президиумот на Народното собрание донел закон за измена на името на Демократска Федерална Македонија во „Народна Република Македонија“.

Родени:
1566 – Карло Џезуалдо, италијански композитор.
1879 – Ото Хан, добитник на Нобелова награда.
1907 – Константин Караманлис, грчки политичар.
1929 – Ебе Камарго, бразилска актерка, водителка и пејачка.
1941 – Христо Крстевски, македонски раскажувач, романсиер и есеист.
1977 – Петар Ангелов, македонски ракометар.

Починале:
1144 – Папа Целестин II, римски папа.
1869 – Хектор Берлиоз, француски композитор.
1917 – Фердинанд Цепелин, германски генерал и конструктор на воздушните бродови (балони), според него наречени Цепелин.
1923 – Јоханес ван дер Валс, холандски физичар и математичар.
1942 – Хозе Раул Капабланка, кубански шаховски велемајстор.

Празници:
* Меѓународен ден на жената


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *