Настани:
1899 – На Филипините избувна востание против американската окупациска армија. По американско-шпанската војна, САД ги приграбија Куба, Порторико и Филипини, што го означи крајот на шпанското колонијално царство.
1922 – Во Вашингтон заврши конференцијата на претставниците на САД, Велика Британија, Франција, Италија, Белгија, Холандија, Португалија, Јапонија и Кина на која е извршена нова поделба на колонии и се одредени сферите на влијание на Далечниот Исток и Тихиот Океан. Договорот што е потпишан на конференцијата предвидуваше почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина. Истиот ден, „петмината“ (САД, Велика Британија, Јапонија, Франција и Италија) потпишаа Договор со кој се ограничува поморското вооружување на земјите потписнички.
1943 – Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер е именуван за врховен командант на сојузничките сили во Северна Африка за време на Втората светска војна.
1945 – Во Скопје почна со работа првата предучилишна установа „Орце Николов“.
1992 – Република Турција ја призна Република Македонија.
Родени:
1685 – Чарлс II, крал на Англија.
1908 – Ташо Ајановски, македонски деец.
1912 – Ева Браун, сопруга на Адолф Хитлер.
1911 – Роналд Реган, американскиот политичар и државник.
1932 – Франсоа Трифо, еден од најпознатите француски филмски режисери со светска слава.
1945 – Боб Марли, јамајкански пејач.
1956 – Стефан Мицов, универзитетски професор и писател од Бугарија.
1962 – Аксел Роуз, американски пејач.
Починале:
893 – Фотиј I, константинополски патријарх.
1664 – Мустафа II, отомански султан.
1740 – Папа Климент XII, римски папа.
1793 – Ланселот „Кејпабилити“ Браун, прочуен англиски пејзажен архитект.
1793 – Карло Голдони, италијански комедиограф.
1804 – Џозеф Пристли, англиски материјалистички философ, физичар и хемичар.
1893 – Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19 век.
1902 – Васил К’нчов, географ, историчар и политичар од Бугарија.
1952 – Џорџ VI, британски крал.
1981 – Фредерика, кралица на Грција.
Празници:
* Ден на Договорот од Ваитанги, државотворен празник на Нов Зеланд.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!