Top

Добар ден (5-ти февруари)

5-ти февруари е 36-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 329 денови до крајот на годината (330 во престапна).

Настани:
1576 – Анри од Навара, подоцна познат како прв бурбонски крал Анри IV, се преобратил од протестант во католик за да си го осигури францускиот трон.
1924 – Кралската опсерваторија во Гринич, Англија започнала да емитува радио-сигнал (бип) за точно време на секој час.
1958 – Гамал Абдел Насер, еден од основачите на Движењето на неврзаните, бил избран за претседател на Египет.
1994 – За време на војната во Босна и Херцеговина, над 60 луѓе загинале и уште 200 биле ранети на пазарот во Сараево од топовска граната испалена од српските позиции.

Родени:
1808 – Карл Шпицвег, германски сликар и поет.
1962 – Мило Ѓукановиќ, црногорски политичар.
1980 – Петар Караѓорѓевиќ, син на Александар II Караѓорѓевиќ.
1984 – Карлос Тевез, аргентински фудбалер.
1985 – Кристијано Роналдо, португалски фудбалер

Починале:
1881 – Томас Карлајл, шкотски сатиричар, есеист и историчар.
1974 – Мануел дос Реис Машадо, мајстор по афро-бразилската боречка вештина.
2008 – Махареши-Махеш Јоги, творец на трансцеденталната медитација.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *