Top

Добро утро (31-ви јануари)

31-ви јануари е 31-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 334 денови до крајот на годината (335 во престапна).

Настани:
1945 – Со решение број 581 на Президиумот на АСНОМ е основан Македонскиот народен театар. Првата драмска претстава ја прикажа на 3 април истата година. Тоа беше драмската претстава „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, а во режија на Димитар Костаров.
1958 – САД го лансираа во орбитата околу Земјата, својот прв вештачки сателит „Експлорер 1“.
1994 – Швајцарската Конфедерација и Принципатот Лихтенштајн воспоставија дипломатски односи со Република Македонија.
1994 – Во Скопје е формирано Друштво на македонско – турско пријателство и соработка.

Родени:
1624 – Арнолд Гелинкс, фламански философ и следбеник на Декарт
1797 – Франц Шуберт, значаен претставник на музичкиот романтизам и најголем композитор на соло песната.
1841 – Лаза Костиќ, српски писател и преведувач, родоначалник на српската авангардна лирика.
1911 – Баба Ванѓа, позната јасновитка.
1921 – Марио Ланца, американски тенор и филмска ѕвезда.
1927 – Ацо Караманов, македонски поет и борец.
1943 – Ристо Василевски, македонски поет, есеист, критичар, преведувач.
1969 – Ивана, бугарска пејачка.
1981 – Џастин Тимберлејк, американски поп-музичар и актер.
1982 – Елена Папаризу, грчка пејачка.
1985 – Каломира, грчка пејачка.

Починале:
1632 – Јост Бирги, швајцарски часовничар и математичар.
1933 – Џон Голсфорди, англиски писател.
1948 – Махатма Ганди, индиски национален водач.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *