Top

Добро утро (1-ви февруари)

1-ви февруари е 32-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 333 денови до крајот на годината (334 во престапна).

Настани:
1883 – Почна изградбата на Панамскиот канал под раководство на францускиот инженер Фердинанд Лесепс, градител на Суецкиот кана. Изградбата заврши со еден од најголемите финансиски скандали во 19 век. Работите беа прекинати цели 20 години. Целосна контрола над зоната над каналот презедоа САД, со чија финансиска подршка, каналот е завршен во август 1914 година. Каналот е долг 81 километар.
1887 – Основан е Холивуд, најголемиот филмски град (предградие на Лос Анџелес) во светот. Првиот филм е снимен во 1911 година.
1924 – Британската лабуристичка влада го призна СССР, што значително придонесе за намалување на дипломатската изолација на првата социјалистичка земја во светот.
1946 – Норвежанецот Тригве Ли е избран за прв генерален секретар на Организацијата на Обединетите нации.
1994 – Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Финска на ниво на амбасади.
1996 – Советот за безбедност на ООН го прифати предлогот на генералниот секретар на ООН од овој датум силите за превентивно распоредување на ООН (УНПРЕДЕП), да останат целосно независна операција во Република Македонија.
2003 – Спејс шатлот Колумбија се распаѓа над небото на Тексас, убивајќи ги сите 7 астронаути.

Родени:
1834 – Кузман Шапкарев, собирач на народни песни.
1894 – Џон Форд, американски режисер и актер (†1973)
1901 – Кларк Гејбл, американски оскаровец.
1920 – Славка Фиданова, македонски првоборец.
1928 – Ѓорѓи Мавродиев, македонски физичар.
1931 – Борис Николаевич Елцин, руски политичар (†2007)
1969 – Габриел Батистута, аргентински фудбалер.
1961 – Антонио Митриќески, македонски филмски режисер.

Починале:
1944 – Пит Мондријан, холандски сликар и теоретичар.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *