Top

Добро утро (2-ри февруари)

2-ри февруари е 33-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 332 денови до крајот на годината (333 во престапна).

Настани:
1535 – Основан е главниот град на Аргентина, Буенос Аирес.
1848 – По двегодишна војна во градот Гваделупе Идалго е склучен мир меѓу Мексико и САД. Мексико беше поразен и на САД мораше да им ги предаде Тексас, Ново Мексико, Аризона и Калифорнија, како и надомест од 14 милиони долари.
1932 – Во Женева почна Првата светска конференција за разоружување во чија работа учествуваа претставници на 61 земја. Користејќи ги несогласувањата меѓу поранешните победници, Германија на тој собир се залагаше за општо разоружување, но истовремено бараше право на еднаквост во вооружувањето. Неуспехот на Конференцијата беше и успех на империјалистичка Германија, бидејќи велесилите и ја признаа бараната еднаквост, што значеше дека има право повторно да се вооружува.
1994 – Република Чешка дипломатски ја призна Република Македонија.
1996 – Во Скопје е потпишан меморандум за отворање британски информативен центар.
2007 – Марти Ахтисари го претставува својот предлог план за финалниот статус на Косово, со кој се предвидува независност на јужната српска покраина под меѓународен надзор.

Родени:
1494 – Бона Сфорца, кралица на Полска и Ерусалим.
1649 – Папа Бенедикт XIII, римски папа.
1829 – Алфред Едмонд Брем, германски природонаучник и зоолог.
1882 – Андреј, принц на Грција.
1882 – Џемс Џојс, ирски писател.
1901 – Јаша Хајфец, руско-американски виолинист.
1923 – Светозар Глигориќ, југословенски шаховски велемајстор.
1934 – Славка Манева, македонска писателка.
1977 – Шакира, колумбиска кантавторка, актерка и дискографска продуцентка.

Починале:
1054 – Јарослав I, голем кнез на Киевска Рус.
1594 – Џовани Пјерлуиџи де Палестрина, италијански композитор.
1769 – Папа Климент XIII, римски папа.
1826 – Жан Антелм Брија-Саварен, француски гастроном и писател.
1873 – Елена Павловна, руска кнегиња.
1907 – Дмитриј Иванович Менделеев, руски хемичар.
1938 – Глигор Стефанов Попев, македонски револуционер.
1945 – Кирил Преславски, бугарски престолонаследник.
1949 – Теодорос Нацинас, грчки просветен деец.
1950 – Џорџ Бернард Шо, англиски писател.
1955 – Освалд Евери, американски молекуларен биолог.
1970 – Бертранд Расел, англиски филозоф.
1983 – Елена Каваева, позната учесник во Октомвриската социјалистичка револуција.
2005 – Макс Шлеминг, поранешен германски шампион во бокс во тешка категорија.

Празници:
* Светски ден за заштита на водните живеалишта


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *