Настани:
1945 – Руска подморница го торпедира и потопи германскиот брод Вилхелм Густлов, преполн со бегалци. Преку 9000 лица го загубија животот во трагедијата која се смета за најголема поморска катастрофа во историјата.
1948 – Во Њу Делхи е извршен атентат врз Махатма Ганди, водач на индиското ослободително движење. Ганди, наречен Махатма (голема душа) ги пропагираше не насилничките методи за национално ослободување и поради тоа стана симбол на борбата на народите на Индија за независност. Роден е на 2.10.1869 година.
1996 – Како прилог на весникот „Вечер“ излезе првиот број на весникот „Занаетчија“, гласило на Здружението на занаетчиски и други самостојни стопанственици на град Скопје – Стопанска комора на Македонија.
Родени:
133 – Дидиј Јулијан, римски император.
1781 – Аделберт фон Шамисо, германски книжевник.
1848 – Фердинанд Манлихер, австриски конструктор на оружје, изумител на Манлихерката.
1875 – Климент Шапкарев, македонски револуционер.
1878 – Дончо Лазаров, македонски револуционер.
1882 – Франклин Делано Рузвелт, американски претседател.
1894 – Борис ІІІ, цар на Бугарија.
1909 – Д-р Харалампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската литература.
1925 – Даглас Енгелбарт, американски пронаоѓач.
1954 – Чак Свирски, кошаркарски коментатор.
1976 – Ѓорѓи Христов, македонски фудбалер.
1983 – Влатко Грозданоски, македонски фудбалер.
Починале:
1948 – Махатма Ганди, водач на индиското ослободително движење.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!