Top

Добар ден (29-ти јануари)

29-ти јануари е 29-иот ден во годината според грeгоријанскиот календар. Остануваат 336 денови до крајот на годината (337 во престапна).

Настани:
1573 – Под водство на Матија Губец, во Хрватска избувна Селанската буна против неподносливите услови за живот што ги наметнаа австриските и унгарските феудалци. Тоа беше една од најголемите селански буни во Европа во тоа време. Востанието беше крваво задушено, а Матија Губец беше погубен во Загреб, на 15.02.1573 година. Хрватскиот писател Август Шеноа по тој повод го напиша романот „Селанска буна“.
1963 – Францускиот претседател Шарл де Гол стави вето на приемот на Велика Британија во Европската економска заедница.
1973 – Во Адис Абеба почна заседанието на Советот за безбедност на ООН, прво заседание на овој орган на ООН на африканскиот континент.

Родени:
1843 – Вилијам Мекинли Џуниор, претседател на САД.
1860 – Антон Павлович Чехов, руски раскажувач и драмски писател.
1866 – Ромен Ролан, француски раскажувач, романсиер, драматург, музиколог и борец за мир и демократија.
1924 – Лујџи Ноно, италијански композитор.
1981 – Јордан Георгиевски, македонски фудбалер.

Починале:
1992 – Иван Дојчинов, борец во шпанската граѓанска војна, учесник на Првото заседание на АСНОМ, член на Главниот штаб на НОВ на Македонија и носител на „Партизанска споменица 1941“.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *