Top

Добар ден (28-ми јануари)

28-ми јануари е 28-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 337 денови до крајот на годината (338 во престапна).

Настани:
1821 – Прокламирана е независноста на Перу, со што, сепак, не било дефинитивно завршено речиси 300-годишното колонијално владеење на Шпанија во таа латинскоамериканска земја. Шпанија се обидуваше уште три години да ја наметне својата власт во Перу.
1871 – Франција капитилираше во војната со Прусија и го предаде Париз.
1878 – Во Њу Хевн, САД пуштена е во употреба првата телефонска централа, по две години откако Александар Грејем Бел го патентираше телефонот.
1918 – Владимир Илич Ленин, од името на Советот на народните комесари на Советска Русија, потпиша Декрет за формирање на Црвената армија.
1945 – Во Скопје е отворена првата градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им беа обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители беа на работа.
1986 – Две минути по полетувањето во вселената, американскиот вселенски брод „Челенџер“, експлодира над Кејп Канаверал и во парчиња се урна во водите на Атлантикот. Тоа беше најголемата несреќа што се случила во космичките летови во која загинаа сите седум членови на екипажот.

Родени:
1887 – Артур Рубинштајн, пијанист и еден од најголемите интерпретатори на класичната музика во 20 век.
1928 – Славко Милосавлевски, македонски социолог.

Починале:
592 – Гунтрам, крал на Франките.
1547 – Хенри VIII, славен крал на Англија.
1996 – Јосиф Бродски, руски поет, добитник на Нобеловата награда за литература.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *