Top

Добро утро (29-ти јуни)

29-ти јуни е 180-тиот ден во годината според григоријанскиот календар (181-ви во престапна година). Остануваат 185 дена до крајот на годината.

Настани:
1838 – Крунисана е кралицата Викторија од Обединетото Кралство.
1880 – Франција го анектира Тахити.
1888 – Првата позната снимка на класична музика – Хендловиот ораториум Израел во Египет.
1914 – Јина Гусева се обидува да го убие Григориј Распутин во неговиот дом во Сибир.
1948 – Југославија е исклучена од Коминформот. Започнуваат прогони на идеолошките приврзаници на СССР во Југославија, тнр. период на Информбирото.
2002 – Судири меѓу Северна и Јужна Кореја доведуваат до смрт на четири јужнокорејски морнари и до потопување на севернокорејски брод.
2005 – Канада станува трета земја во светот, по Холандија и Белгија, која го признава бракот помеѓу припадници од ист пол.
2011 – Тувалу ја признава Република Македонија под уставното име.

Родени:
1798 – Џакомо Леопарди, италијански поет.
1864 – Наум Туфекчиев, македонски револуционер.
1877 – Петар Кочиќ, еден од најистакнатите писатели на српскиот реализам.
1900 – Антоан де Сент-Егзипери, француски писател, автор на Малиот Принц.
1911 – Бернард Херман, американски филмски композитор, автор на музиката од филмот Психо.
1925 – Џорџо Наполитано, италијански политичар.
1948 – Јан Пајс, тапанар на рок-групата Deep Purple.
1963 – Калид Ел Масри, германски државјанин.
1978 – Никол Шерзингер, американска пејaчка.

Починале:
1861 – Елизабет Барет Браунинг, англиски поет.
1940 – Пол Кле, швајцарски уметник.
1945 – Чеде Филиповски – Даме, народен херој на Македонија.
1967 – Примо Карнера, италијански боксер.
1984 – Душан Недељковиќ, српски философ и етнолог.
2003 – Кетрин Хепберн, американска актерка.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *