Настани:
1098 – Во Првата крстоносна војна крстоносците ги поразиле Турците во битката кај Антиохија.
1389 – Се случила Косовската битка во која Србија била поразена од Отоманската Империја.
1914 – Австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд и неговата жена Софи се убиени од страна на Гаврило Принцип во Сараево, причината за почеток на Првата светска војна.
1919 – Потпишан е мировен договор во Версај, Париз со што завршува Првата светска војна.
1948 – Донесена е Резолуцијата „За состојбата во КПЈ“ попозната како Резолуцијата на Информбирото, со која се осудува раководството на КПЈ и се повикуваат сите здрави елементи во Југославија да му се вратат марксизмот и ленинизмот.
1967 – Израел го анектира Источен Ерусалим.
1989 – На Газиместан на Косово одбележан е јубилејот 600 годишни од Битката на Косово. Централен настан на прославата, на која присуствувале околу еден милион луѓе, бил говорот на тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ со кој започнал неговиот подем како политичар.
1993 – Република Македонија станува членка на УНЕСКО.
2001 – Поранешниот српски и југословенски претседател Слободан Милошевиќ бил предаден на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, како прв шеф на држава кој бил предаден на Судот.
Родени:
1476 – Папа Павле IV, римски папа.
1491 – Хенри VIII, англиски крал.
1577 – Петер Паул Рубенс, фламански сликар.
1712 – Жан Жак Русо, француски философ, роден во Швајцарија.
1849 – Младен Дилевски, македонски поет.
1867 – Луиџи Пирандело, италијански писател, добитник на Нобелова награда.
1880 – Никола Киров Мајски, македонски писател.
1932 – Драгољуб Ставрев, македонски општественик и државник.
1957 – Георги Прванов, претседател на Бугарија.
1979 – Тим Макорд, басист на Evanescence.
Починале:
767 – Папа Павле I, римски папа.
1183 – Хенри Младиот, крал на Англија.
1586 – Примож Трубар, словенечки протестантски реформатор.
1598 – Абрахам Ортелиус, картограф, прв кој го изработил модерниот атлас.
1836 – Џејмс Медисон, претседател на САД.
1189 – Матилда, војвотка од Саксонија.
1892 – Велимир Хлебников, руски поет.
1904 – Никола Каранџулов, македонски револуционер.
1914 – Франц Фердинанд, австриски принц и престолонаследник.
1921 – Ѓорче Петров, македонски револуционер.
1975 – Род Серлинг, американски сценарист, автор на серијата Зона на Самракот.
1992 – Михаил Таљ, советски шахист со потекло од Латвија.
1993 – Борис Христов, бугарски оперски пеач.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!