Top

Добро утро (25-ти мај)

25-ти мај е 145-иот ден во годината според григоријанскиот календар (146-и во престапна година). Остануваат 220 денови до крајот на годината.

Настани:
1810 – Во Рио де ла Плата (сегашна Аргентина) започна бунт против шпанскиот колонијален режим и власта ја презеде привремена влада. Овој ден се прославува како Ден на независноста на Аргентина, иако таа формално е прогласена во јули 1816 година.
1850 – Во лондонската зоолошка градина пристигна Обајш, првиот нилски коњ кој бил донесен во Европа.
1895 – Британскиот писател Оскар Вајлд е осуден на две години затвор поради хомосексуалност.
1911 – Претседателот на Мексико, Порфирио Дејас поднесе оставка на функцијата по победата на револуционерните сили над владините трупи во граѓанската војна во државата.
1946 – Парламентот на Трансјорданија го прогласува емирот Абдула I за крал.
1958 – Во Гостивар почна со редовно производство фабриката за производство на огноотпорни материјали „Силика“.
1963 – Во Адис Абеба заврши Самитот на африканските држави, на кој учесниците потпишаа Договор за создавање Организација на африканско единство.
1979 – Се случи најтешката несреќа во историјата на американското воздухопловство. Веднаш при летнувањето од чикашкиот аеродром се урна авионот „ДЦ-10“ на „Американ ерлајн“, при што загинаа 272 патници и членови на екипажот.
1985 – Српската академија на науките и уметностите одлучува да создаде меморандум за политичката, економската, и културната положба на српскиот народ во СФРЈ.
1997 – Кинотеката на Македонија е примена за рамноправен член на Меѓународната асоцијација на филмските архиви.
2002 – Авионаска несреќа на кинески авион во Тајван. Загинуваат 225 патници.
2002 – Никола Груевски станува претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Родени:
1802 – Јохан Фридрих фон Брант, германски зоолог.
1803 – Ралф Валдо Емерсон, американски предавач, есеист и поет.
1848 – Хелмут фон Молтке, германски военачалник.
1875 – Петар Дрвингов, полковник во бугарската армија и историчар.
1887 – Свети Пио, капуцински католички свештеник од Италија.
1902 – Стале Попов, македонски писател.
1948 – Булент Аринч, турски политичар.
1952 – Петар Стојанов, претседател на Бугарија.
1963 – Рисима Рисимкин, македонска балерина и кореограф.
1964 – Тахир Синани, поранешен член на ОНА.
1967 – Фехим Хусковиќ, македонски академски сликар.
1976 – Сандра Насиќ, германска пејачка, вокалистка на групата Guano Apes.

Починале:
1085 – Папа Григур VII, римски папа.
1261 – Папа Александар IV, римски папа.
1926 – Симон Петљура, украински политички деец.
1944 – Манчу Матак, македонски комунистички деец и народен херој.
2001 – Алберто Корда, кубански фотограф, познат по неговата фотографија “Guerrillero Heroico” на марксистичкиот револуционер Че Гевара.

Празници:
* Ден на младоста во СФРЈ.
* Ден на независноста на Аргентина.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *