Настани:
1218 – Магнус III станува крал на Шведска.
1832 – Грција станува кралство.
1833 – Во Њујорк официјално е пуштен во употреба Бруклинскиот мост.
1881 – Османлиската империја ги предоставува Тесалија и Арта на Грција.
1915 – Прва Светска војна: Италија објавува војна на Австро-Унгарија.
1928 – Професорот на Лондонскиот универзитет, Александар Флеминг, го пронајде пеницилинот, прв антибиотик, ефикасен лек против многу болести.
1940 – Јосиф Бродски, руски поет, добитник на Нобеловата награда за литература.
1954 – Во Скопје, на сцената на скопската опера е изведена првата македонска национална опера „Гоце“, од македонскиот композитор Кирил Македонски.
1961 – Кипар станува член на Советот на Европа.
1994 – Во стампедо на муслиманските аџии во Мека, во Саудиска Арабија загинаа 270 лица.
1996 – Во Штип е поставен камен-темелникот на црквата „Свети Кирил и Методиј“.
2000 – Израел ја прекинува дваесетидвегодишната окупација на Јужен Либан.
2002 – Русија и САД го потпишуваат Московскиот договор познат како СОРТ.
Родени:
1734 – Жан Пол Мара, познат француски револуционер, еден од водачите на француската буржоаска револуција.
1905 – Михаил Шолохов, еден од најголемите руски прозаисти.
1956 – Лилјана Поповска, македонска политичарка.
Починале:
1543 – Никола Коперник, полски астроном.
Празници:
* Македонија: Ден на солунските браќа Кирил и Методиј.
* Бугарија: Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост.
* Русија: Ден на словенската писменост и култура.
* Чешка: Ден на словенските мисионери Кирили и Методиј.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!