Настани:
1148 – Луј VII од Франција поставил опсада на Дамаск во текот на Втората крстоносна војна.
1534 – Жак Картие поставил крст на северноамериканското копно близу до устието на реката Сент Лоренс и го прогласил за прва француска територија во името на кралот Франсоа I.
1715 – Шпанска флота со богатство составена од 10 брода заминала од Хавана, Куба кон Шпанија. Седум дена подоцна, 9 брода потонале во бура близу до Флорида. Богатството е откриено и извлечено од морето во 1960-тите.
1823 – Укинато е ропството во Чиле.
1908 – Турција е прогласена за уставна монархија. Овој датум се зема како Ден на победата на Младотурската револуција.
1923 – Грција, Турција и сојузничките сили од Првата светска војна ја потпишаа Лозанската декларација, врз основа на која е извршена принудна размена на население: христијаните од Турција во Грција, а муслиманите од Грција во Турција. Ова во голема мера го изменило националниот состав на Егејска Македонија.
1946 – Во Пацификот, во близина на островот Бакини, САД ја извршија првата подводна атомска експлозија.
1974 – По инвазијата на Турција врз Северен Кипар, паднала од власт воената хунта во Грција.
2002 – Алфред Мојсиу е избран за претседател на Албанија.
Родени:
1725 – Џон Њутон, англиски морнар и свештеник.
1783 – Симон Боливар, јужно-американски борец за независност. Истиот ден се слави како Ден на Симон Боливар во Еквадор.
1802 – Александар Дима Таткото, француски писател.
1828 – Николај Чернишевски, руски писател, критичар и револуционер.
1921 – Џузепе Ди Стефано, италијански оперски пејач.
1946 – Тито Беличанец, македонски правник.
1969 – Џенифер Лопез, американска актерка и пејачка.
1974 – Милан Јуришиќ, српски криминалец.
1975 – Рајан Стак, натурализиран македонски кошаркар.
1985 – Лукаш Росол, чешки тенисер.
Починале:
1957 – Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ. Роден е во Прилеп, на 17 август 1902 година.
1974 – Џејмс Чедвик, англиски физичар, откривач на неутронот и Нобелов лауреат во 1935 година.
1980 – Питер Селерс, британски филмски актер, комичар.
1991 – Исак Башевис Сингер, американски писател и Нобелов лауреат, по потекло полски Евреин.
2000 – Клод Соте, француски филмски режисер-оскаровeц.
2001 – Махир Камбери, поранешен член на ОНА.
2001 – Сељман Нухиу, поранешен член на ОНА.
2001 – Неџмедин Сулејмани, поранешен член на ОНА.
Празници:
* Еквадор – Ден на Симон Боливар.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!