Top

Добро утро (23-ти јули)

23-ти јули е 204-иот ден во годината според григоријанскиот календар (205-и во престапна година).
Во астрологијата – првиот цел ден на хороскопскиот знак лав.
Остануваат 161 денови до крајот на годината.

Настани:
1914 – Австро-Унгарија ѝ поставила ултиматум на Србија во врска со атентатот на престолонаследникот Франц Фердинанд во Сараево. Ова било најава за почетокот на Првата светска војна.
1942 – Започнал со работа логорот Треблинка.
1942 – Во Софија, бугарските фашисти ги стрелаа Никола Јонков Вапцаров, македонски поет и патриот, Антон Попов-Дончо, македонски револуционер, писател и публицист и Атанас Романов, македонски патриот.
1993 – Република Македонија стана 138 членка на Светската организација за интелектуална сопственост.
2000 – Ленс Армстронг, втора година по ред победува на престижната велосипедска трка Тур де Франс, иако неговите лекари, четири години претходно, го известуваат дека постојат мали шанси да преживее, зашто болува од рак.

Родени:
1892 – Хаиле Селасије I, етиопски цар.
1906 – Владимир Прелог, швајцарско-хрватски хемичар.
1915 – Тихомир Милошевски, народен херој на Македонија.
1931 – Виктор Корчној, руски шаховски велемајстор.
1976 – Јудит Полгар, унгарска шахистка.

Починале:
1536 – Хенри ФицРој, незаконски син на Хенри VIII.
1757 – Доменико Скарлати, барокен композитор за чембало.
1875 – Ајзак Мерит Сингер, американски иноватор.
1916 – Вилијам Ремзи, шкотски хемичар.
1942 – Антон Попов, македонски поет.
1948 – Дејвид Ворк Грифит, американски филмски режисер и продуцент.
2001 – Муртезан Етхеми, поранешен член на ОНА.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *