Настани:
41 – Римскиот император Калигула, познат по својот ексцентризам и суров деспотизам, е убиен од неговата незадоволна преторијанска гарда.
1848 – Започнува Калифорниската златна треска во Сакраменто.
1946 – Со решение на Министерството за народна просвета на Македонија првата македонска граматика е одобрена за учебник во средните училишта. Нејзин автор беше професорот Круме Кепески.
1991 – Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија, излезе првиот број на независниот македонски неделник „Пулс“.
Родени:
1712 – Фридрих II, крал на Прусија.
1752 – Муцио Клементи, англиски композитор.
1776 – Ернест Теодор Хофман, германски писател, композитор, цртач, судија и професор по музика.
1799 – Пјер Огистен Карон де Бомарше, француски писател.
1922 – Ава Гарднер, една од легендите на Холивуд.
1967 – Џон Мјанг, басист на американската прогресивна метал група Dream Theater.
Починале:
41 – Калигула, римски император.
1929 – Васил Главинов, еден од првите организатори на социјалистичките идеи и организатор на работничкото движење во Македонија, поборник за Балканска Федерација.
1965 – Винстон Черчил, британски политичар, државник и писател.
2006 – Марија Мирчов – Скаловска, истакната македонска оперска и концертна пеачка.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!