Настани:
1556 – Најкатастрофалниот земјотрес во историјата се случил во густо населената провинција Шаанкси во Кина, во кој се проценува дека загинале околу 830.000 луѓе. Огромниот број на жртви се должи на тоа што живееле во вештачки пештери (тнр. јаодонг) ископани во растресита глина.
1793 – Русија и Прусија си ја поделиле Полска.
1960 – Батискафот на САД „Трст“ постигнал рекордна длабочина од 10.911 м во водите на Пацификот.
1968 – Морнарицата на ДНР Кореја го зароби американскиот шпионски брод „Пуебло“, тврдејќи дека навлегол во севернокорејските води. Случајот предизвика голема напнатост меѓу двете земји. ДНР Кореја подоцна го ослободи екипажот, а бродот и денес претставува туристичка атракција во Пјонгјанг.
1973 – Претседателот на САД Ричард Никсон објавил дека е постигнат мировен договор за Виетнам.
Родени:
1783 – Мари Анри Бејл, (Стендал), француски писател, основоположник на големата епоха на францускиот реализам.
1832 – Едуар Мане, француски сликар, непосреден претходник на импресионистите.
1872 – Гоце Делчев, македонски револуционер.
1878 – Отон Жупанчич, словенечки поет.
1945 – Тито Петковски, претседател на Нова социјалдемократска партија.
Починале:
1837 – Џон Филд, ирски композитор.
1862 – Димитрија Миладинов, македонски народен преродбеник, поет, учител, публицист и научник.
1989 – Салвадор Дали, шпански сликар.
1995 – Вањо Хаџиев, повеќегодишен соработник на весникот „Нова Македонија“.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!