Настани:
217 п.н.е. – Птоломеј IV го поразил Антиохиј III од Селевкидското кралство во битката кај Рафија (денешна Рафа на границата помеѓу Палестина и Египет).
168 п.н.е. – Четврта Македонско-римска Војна: Во битката кај Пидна, Римската Република ја поразила војската на македонскиот крал Персеј од антигонидската династија.
1633 – Светата канцеларија во Рим го принудила Галилео Галилеј да се откаже од неговите научни тези дека Сонцето, а не Земјата, е центар на вселената.
1815 – Наполеон абдицирал по втор пат по поразот во Битката кај Ватерло.
1889 – Германија под водство на канцеларот Ото фон Бизмарк прва во светот вовела пензиски систем за работниците, земјоделците, занаетчиите и слугите постари од 70 години.
1941 – Втора Светска војна: Почеток на операцијата Барбароса – нацистичка Германија го нападна СССР.
1976 – Во Долниот дом на канадскиот Парламент е изгласано укинувањето на смртната казна.
1978 – Откриен е Харон, сателитот на џуџестата планета Плутон.
Родени:
1767 – Вилхелм фон Хумболт, основач на универзитетот Хумболт во Берлин.
1837 – Пол Морфи, американски шахист.
1898 – Ерих Марија Ремарк, германски писател.
1907 – Алберто Моравија, италијански писател.
1949 – Мерил Стрип, aмериканска актерка.
1949 – Џуна, руски исцелител.
1960 – Драган Спасески, македонски поет и сликар.
1964 – Ден Браун, американски писател.
1980 – Атанас Николовски, македонски кајакар.
1984 – Јанко Типсаревиќ, српски тенисер.
Починале:
1276 – Папа Инокентие V, римски папа.
1527 – Николо Макијавели, италијански политичар и мислител.
1535 – Џон Фишер, англиски римокатолички епископ.
1969 – Џуди Гарланд, американска филмска актерка и пејачка.
1987 – Фред Астер, американски актер.
2004 – Драган Геров, македонски новинар.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!