Top

Добро утро (21-ви јуни)

21 јуни е 172-риот ден во годината според григоријанскиот календар (173-ти во престапна година). Остануваат 193 дена до крајот на годината. Исто така е најдолг ден во годината на северната хемисвера, односно најкраток на јужната. И започнува летото, односно зимата.
Во астрономијата – вообичаената дата на која настапува сончева пресвртница, односно денот на кој сонцето изгледа како да седи во место.
Во астрологијата – првиот цел ден на хороскопскиот знак рак.

Настани:
1818 – Рене Лаенек, француски научник, во Париз, пред околу 30 лекари го прикажа својот пронајдок: првата слушалка за поставување дијагноза кога се во прашање срцеви и белодробни болести – стетоскопот.
1935 – Во Париз (од 21 јуни до 25 јуни) е одржан Првиот меѓународен конгрес на писателите, на кој е решено да се основа Меѓународно здружение на писателите за одбрана на културата.
1963 – Франција ги повлече поморските сили од НАТО.
1990 – Во Унгарија повторно е отворена берзата, по 42 години откако беше затворена со одлука на комунистичката влада која ја презеде власта по Втората светска војна.
1994 – Република Македонија и Република Киргистан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
1994 – Почна пописот на населението, домакинствата и на земјоделските стопанства во Република Македонија.
1996 – Република Македонија и Туркменистан воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

Родени:
1002 – Папа Лав IX, римски папа.
1905 – Жан Пол Сартр, француски филозоф и писател.
1954 – Бранко Цветкоски, македонски поет.
1961 – Ману Чао, француски пејач.
1982 – Вилијам, војвода од Кембриџ.

Починале:
1377 – Едвард III, англиски крал.
1874 – Јонас Ангстрем, шведски физичар и астроном.
1949 – Јохан Фридрих Хегер, германски архитект.
2003 – Данка Сирфова, македонска оперска пејачка.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *