Top

Добро утро (20-ти јули)

20-ти јули е 201-иот ден во годината според григоријанскиот календар (202-и во престапна година). Остануваат 164 денови до крајот на годината.

Настани:
1402 – Монголскиот хан Тамерлан во Битката кај Ангора, денешна Анкара, ја победува турската војска и го заробува султанот Бајазит I, кој во 1403 година умира во ропство.
1903 – Првиот автомобил на Форд излегол од производство.
1924 – Во Париз е основана Светската шаховска организација.
1944 – Германскиот полковник Клаус Шенк извршува атентат врз нацистичкиот лидер Адолф Хитлер со подметнување на бомба под неговиот стол во бункерот Волчја јама кај Берлин. Хитлер е само полесно повреден, а заговорниците се погубени.
1969 – Лунарното возило „Орел“ на американскиот вселенски брод „Аполо 11“, со космонаутите Нил Армстронг и Едвин Олдрин, се упати на површината на Месечината, додека Мајкл Колинс го продолжи кружењето околу Месечевата орбита со матичниот брод „Аполо 11“.
2001 – Карло Џулијани, италијански активист и анархист е убиен во текот на демонстрациите против Групата 8 во Џенова во 2001 година од страна на италијанските Карабињери.

Родени:
356 п.н.е. – Александар III Македонски, крал на Македонија, еден од најголемите војсководци и освојувачи на сите времиња.
1304 – Франческо Петрарка, голем лирски поет на италијанската предренесанса.
1519 – Папа Инокентие IX, римски папа.
1659 – Ијасент Риго, важен француски барокен сликар и портретист.
1785 – Махмуд II, отомански султан.
1847 – Макс Либерман, германски постимпресионистички сликар.
1878 – Петар Манџуков, македонски револуционер и анархист.
1890 – Георги II, крал на Грција.
1919 – Сер Едмунд Хилари, новозеландски офицер и истражувач, учесник во хималајските и во поларните експедиции.
1927 – Нешо Марковски, македонски новинар.
1947 – Карлос Сантана, мексиканско-американски гитарист.
1948 – Жан Рено, француски актер.
1948 – Сафет Алиу, македонски правник.
1960 – Првослав Вујчиќ, српски поет.
1969 – Џош Холовеј, американски актер .
1988 – Дејан Митрев, македонски фудбалер.

Починале:
1816 Гаврила Романович Державин, руски класицистички поет, сметан за најголемиот руски поет пред Пушкин.
1903 – Папа Лав XIII, римски папа.
1913 – Феликс Ѓержински („Железниот Феликс“), полски комунист со револуционерни идеи, основач на Болшевичката тајна полиција Чека, подоцна КГБ.
1923 – Панчо Виља, мексикански револуционeр, водач на селанската револуција од 1910 година.
1913 – Васил Чакаларов, македонски војвода од Костурско.
1937 – Гуљелмо Маркони, италијански инжинер.
1945 – Пол Валери, француски поет.
1951 – Абдула I, јордански крал.
1973 – Брус Ли, актер и борач.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *