Настани:
1799 – Во текот на походот на Египет група војници на Наполеон го пронашле Каменот од Розета, што му овозможило на Шамполион да ги дешифрира хиероглифите.
1870 – Почна француско-пруската војна. Французите беа поразени за неколку месеци, а војната заврши со мировниот договор склучен во Франкфурт, во мај 1871 година.
1900 – Во Лајпциг, Аугуст Велер, професор по физиологија, во својот кабинет го прикажа епохалниот изум – кардиографот, кој денеска претставува основа за научно испитување на срцевите заболувања.
1941 – Британскиот премиер Винстон Черчил ја започнува кампањата со име „В за победа“ (V for Victory) во текот на Втората светска војна.
1943 – Во борбите во Сицилија, сојузниците со ескадрили бомбардери го нападнаа Рим.
1956 – Лидерите на СФР Југославијa, Индија и Египет – Јосип Броз Тито, Џавахарлал Нехру и Гамал Абдел Насер ја потпишуваат Брионската декларација за заедничка против-блоковска политика, што го означува почетокот на создавањето на Движењето на неврзаните земји.
1967 – Македонската Православна Црква прогласи автокефалност.
Родени:
1814 – Семјуел Колт, творецот на најпознатиот тип на револвери кој и денес го носи неговото презиме.
1834 – Едгар Дега, француски сликар.
1893 – Владимир Мајаковски, руски поет.
1900 – Арно Брекер, најистакнатиот вајар во нацистичка Германија.
1921 – Борка Талески, народен херој на Македонија.
Починале:
1374 – Франческо Петрарка, голем лирски поет на италијанската предренесанса.
1543 – Мери Болејн, сестра на англиската кралица Ана Болејн.
1631 – Чезаре Кремонини, италијански философ.
1954 – Малина Попиванова, македонска револуционерка.
2010 – Стивен Шнајдер, професор по биологија на животната средина.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!