Настани:
1776 – Американскиот конгрес донесе одлука за укинување на зависноста од англиската круна. Независноста на САД е прогласена на 4 јули 1776 година.
1948 – Воспоставен е редовен цивилен воздушен сообраќај меѓу Скопје и Белград и обратно.
1993 – ПТТ „Македонија“, вклучувајќи се во активноста за меѓународно признавање на Република Македонија, ја промовира редовната поштенска марка со мотив на знамето на Република Македонија.
1997 – Во Заир бунтовниците го зазедоа Кисангани, трет по големина град во земјата и последно упориште на владините сили во источниот дел на државата.
2004 – Формирана е Лугола, група на корисници на GNU/Линукс од Битола.
Родени:
1767 – Ендру Џексон, претседател на САД.
1915 – Венко Марковски, македонски и бугарски поет.
1935 – Ташко Георгиевски, македонски раскажувач.
1968 – Милорад Улемек Легија, српски командант и атентатор на премиерот на Србија.
1975 – Веселин Топалов, бугарски шаховски велемајстор.
1975 – Ева Лонгорија, американска филмска и телевизиска актерка.
1981 – Брис Гијар, француски мечувалец.
Починале:
44 п.н.е. – Гај Јулиј Цезар, римски војсководец, политичар и писател, една од најпознатите личности во класичната историја, а во последните години од животот диктатор во моќната Римска империја
493 – Одоакар, италијански крал.
1903 – Тома Давидов, бугарски офицер .
1937 – Хауард Филипс Лавкрафт, американски писател.
1974 – Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог.
2006 – Јоргос Ралис, грчки политичар.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!