Настани:
1844 – Карлос Антонио Лопес е прогласен за прв уставен претседател на Парагвај.
1891 – Подморницата „Монарх“ постави телефонски кабел под Ламанш, што овозможи телефонска врска меѓу Велика Британија и другите држави од Европа.
1944 – Иницијативниот одбор на АСНОМ упати писмо до НО одбори во Македонија во кое ја изнесува одлуката на Второто заседание на АВНОЈ, со која Македонија е призната за рамноправна федерална единица. Потоа, ја објаснува постапката за избирање легални и нелегални, општински, околиски и окружни НО одбори и делегати за Првото заседание на АСНОМ.
1945 – По многу тешки борби американските десантни единици го освоија малиот остров на Пацификот, Иво Џима, важна стратегиска точка за бомбардерските напади врз Јапонија.
1965 – Владата на Израел го прифати барањето на Бон за воспоставување дипломатски односи со Западна Германија.
1995 – Астронаутот Норман Тагард стана првиот Американец кој полета во вселената со руска ракета, лансирана од космодромот во Бајконур.
1996 – Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.
2001 – Околу 11 часот со престрелки од тетовското кале започна конфликтот во Тетово.
2002 – Судиите на Основниот суд Скопје 2 ги потпишаа решенијата за амнестија на политичкиот водач на поранешната ОНА, Али Ахмети и на неговиот вујко, водачот на кичевските бомбаши и организаторот на повеќето бомбашки напади на полициските станици во Македонија, Фазли Велиу.
Родени:
1820 – Виторио Емануел Втори, италијански крал, прв монарх на обединета Италија.
1862 – Вилхелм Бјеркнес, основач на метеорологијата како наука.
1866 – Алексеј Троицки, руски шаховски композитор.
1879 – Алберт Ајнштајн, физичар, најистакнат теоретичар на новата епоха во физиката.
1927 – Методија Симоновски, македонски етномузиколог и поет за деца.
1930 – Бистрица Миркуловска, македонски поет, раскажувач, писател за деца и преведувач.
Починале:
1883 – Карл Маркс, германски политички философ.
1912 – Петар Лебедев, истакнат руски научник, физичар.
Празници:
* Ден на бројот Пи – Со одлука на Когресот на САД од 14 март 2009 година, овој ден е прогласен за празник на бројот Пи.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
pod rodeni: Akira Yoshizawa (14 March 1911)- tatkoto na modernoto odigami.