Top

Добар ден (12-ти ноември)

12-ти ноември е 316-иот ден во годината според григоријанскиот календар (317-и во престапна година). Остануваат 49 денови до крајот на годината.

Настани:
1933 – Хитлеровата Национал-социјалистичка работничка партија доби мнозинство во парламентот и дојде на власт во Германија. Тогаш настана најмрачното движење во поновата историја на светот – нацизмот, кој доведе до Втората светска војна. Нацизмот беше доктрина која на човештвото му навести истребување на народите во походот за „големогермански простор“.
1941 – Советските вооружени сили го запреа надоаѓањето на нацистичките сили кон Москва.
1992 – Во Берлин започна судењето на поранешниот претседател на Источна Германија, Ерих Хонекер. На најспектакуларниот судски процес во Германија, Хонекер одговараше за убиство на 12 бегалци. На клупата на обвинетите се најдоа и шест поранешни членови на Министерството за национална одбрана.
2001 – Тројца припадници на специјалната единица на македонската полиција „Лавови” загинаа, а повеќе се ранети во близина на тетовското село Требош.

Родени:
1547 – Клаудија Валоа, француска принцеза.
1833 – Александар Бородин, Руски композитор и хемичар.
1840 – Огист Роден, француски скулптор.
1866 – Сун Јат Сен, кинески политичар.
1933 – Борислав Ивков, српски шахист.
1934 – Леонид Штајн, украински шахист.
1953 – Василис Карас, грчки пејач.
1961 – Надја Команечи, романска гимнастичарка.
1972 – Пабло Зарницки, аргентински шахист.
1974 – Дарио Шимиќ, хрватски фудбалер.
1975 – Алесандро Бириндели, италијански фудбалер.
1976 – Мауро Каморанези, италијански фудбалер.
1979 – Мунтазар ал Зејди, иракски новинар.

Починале:
607 – Бонифациј III, римски папа.
1035 – Кнут Велики, дански крал.
1252 – Бланка Кастиљска, кралица на Франција.
1693 – Марија ван Остервејк, холандска барокна сликарка.
1903 – Камиј Писаро, француски уметник.
1916 – Персивал Лоуел, американски астроном.
1973 – Иван Точко, истакнат современ македонски писател и новинар.
1981 – Херман Пилник, аргентински шахист.
1989 – Долорес Ибарури – Ла Пасионарија, шпанска револуционерка.
1988 – Јаника Балаж, југословенски музичар.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *